Еди Рама за помошта од Бугарија за Македонија: Ветија, а не дадоа ни 100 вакцини


 

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека земјите од регионот се оставени на милост и немилост околу вакцините  и притоа го посочи фактот дека некои земји од ЕУ ветиле помош, а ништо не дале досега. 

„Кажете ми дека Македонија започна! Не започна, за жал требаше да започне, но не започна. И не е виновна Македонија. Требаше Бугарија да им даде, но не! Таа со зборови им рече дека ќе им даде 100 парчиња, но сè уште не им дала, затоа што ако им дадоа, ќе ги искористија“. рече Еди Рама, премиер на Албанија.