Починаа пет корисници на старечки дом крај Рим, се отруле со јаглерод моноксид


 

Пет корисници на дом за стари лица сместен јужно од Рим, во Италија, пронајдени се мртви во саботата, а останатите пет и двајца негуватели, се во критична состојба, откако веројатно биле отруени со јаглерод моноксид, соопштија властите.

„За жал, може да потврдиме дека имаме пет смртни случаи. Уште пет штитеници и двајца негуватели се во тешка состојба. Сите седуммина се во болница“, рече за АФП портпаролот на римските карабинери.

Негувателите кои стигнале на утринска смена во домот за стари во Лануви, во кој живееле 10 штитеници, пронашле 12 лица без свест, а набрзо се потврдило дека петмина се починати, веројатно од последица од труење.

Петмината преживеани штитеници со итната помош се пренесени во болница во близина, а двајцата негуватели во Рим.