Македонските одбојкари се пласираа на Европско првенство!


Македонската репрезентација во одбојка вторпат по ред ќе игра на Европско првенство.

Нашата селекција денеска дојде до потребниот триумф од 3:1 над репрезентацијата на Турција, и заедно одат во завршницата на ЕП кое ќе се одржи во вториот дел од годинава.

Турција на првата средба славеше 3:1, но вечерва Македонија успеа да врати со иста победа, и заедно двете селекции да го потврдат местото меѓу најдобрите одбојкарски селекции.

Првиот сет го доби Македонија со 25:19, додека во вториот гостите успеаја да вратат и со 25:21 и да израмнат на 1:1 во сетови.

Во следните два сета беше крајно неизвесно, меѓутоа во финишот Македонија стигнуваше до предност и на крајот до конечен триумф кој значеше Европско првенство.