Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп


Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа да потпише десетици укази и наредби, со кои или ќе се поништат одлуките на администрацијата на Трамп или ќе се „истуркаат“ политиките што беа неостварливи за време на неговото владеење, пренесе Си-Ен-Ен. Меѓу нив е и одлуката за повторно пристапување […]

Во Букурешт во моментов нема вакцини за сите заинтересирани граѓани


Бројот на пријави за вакцинација против коронавирус во Букурешт е поголем од сегашните распложливи количества на вакцини, што предизвика незадоволство кај заинтересираните граѓани, јави романскиот Национален комитет за координација на вакцинацијата. Регистрацијата на заинтересираните граѓани за вакцинација зависи од количеството на дози на вакцини што се достапни во моментот на пријавувањето, како и од тековната […]

Објавен првиот тизер за филмот „Денот на жената“ на Гоце Цветановски (видео)


Објавени се првите снимки од долгометражниот игран филм „Денот на жената“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски. Станува збор за општествено-ангажиран филм кој се снимаше во октомври, минатата година, а фокусот на приказната е на трговијата со луѓе и присилната проституција. Актерката Слаѓана Вујошевиќ ќе ја видиме во главната женска улога како истражувачка новинарка […]

Попис или потоп: Како го прави ЕУ, а како го проблематизираме ние?


ЕУ за пописот што ќе се одржува годинава има одамна подготвена и масивна регулатива. Но за првпат и таму, како и кај нас, масовно ќе се користат податоци на институциите, а теренската анкета ќе биде дополнување   Слободанка Јовановска Во Собранието и денес се расправа за Законот за пописот со големи шанси по 18 години […]

Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка минус 16 степени


Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени, -14 во Крушево и Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 […]

Лашет избран за нов лидер на ЦДУ, но дали ќе биде и иден германски канцелар


Делегатите на ЦДУ вчера го избраа премиерот на Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет за претседател на најсилната германска партија. Лашет се смета за умерен политичар, близок до канцеларката. Но, прашањето е дали тој ќе биде кандидат за канцелар, пишува Дојче веле. Лашет доби 521 глас во вториот круг од гласањето, додека вториот конкурент, Фридрих Мерц, остана […]

За последните шест недели во светот од Ковид-19 умреле половина милион луѓе


Половина милион луѓе умреле од последиците на коронавирусот во светот само во последните шест недели,  покажуваат последните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон. Според универзитетот, на почетокот на пандемијата за ваквите бројки на жртви од Ковид-19 требало да минат цели шест месеци, пренесе Си-Ен-Ен. Во САД досега умреа 404.218 од коронавирус, а во Бразил […]

Железничкиот транспорт лани со загуби од 512 милиони денари и двојно помалку патници


Со физибилити студијата што ја најави Владата треба да се одредат следните чекори што ќе овозможат ефективно и ефикасно работење, како и квалитетна услуга за железнички транспорт на граѓаните преку ЖРСМ Транспорт, кое и минатата година забележа загуби во работењето. Возниот парк, според најавите, ќе се обнови со две локомотиви донација од Турските железници со […]

Акцискиот план во фокусот на разговорите со Софија, ќе се споделат информации и со пратениците


Во следниот период акцентот во разговорите меѓу Скопје и Софија ќе биде ставен на Акцискиот план, кој македонските претставници го гледаат како еден вид платоформа со која ќе се „олабави“ атмосферата на релација Бугарија-Северна Македонија. Во меѓувреме, Владата најави дека е подготвена пред пратениците да презентира информации поврзани со преговорите со Бугарија. Претседателот Стево Пендаровски […]

Банките во Србија и годинава нема да исплаќаат дивиденда


Банките кои работат во Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година  е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка. Овој договор, како што јави Танјуг, меѓу другото, предвидува […]

Законот за попис пред гласање, опозицијата собира потписи да го поништи


Со успешен попис добиваат граѓаните и државата, порачаа вчера од владејачката СДСМ, а опозициската ВМРО ДПМНЕ повтори дека се подготвува за акција за собирање потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, за кој завчера во Собранието заврши расправата. Доста е со неразумни блокади, кочења, поларизација, изјави Стефан Васев од СДСМ, […]

Подготвен планот за вакцинација, првите вакцини од „Фајзер“ и преку КОВАКС следниот месец


Следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот, а здравствениот систем, како што велат, е подготвен за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на седница на Владата ги претстави најновите информации за набавката на мРНА вакцини против КОВИД-19 од производителот Фајзер, за продолжувањето […]

Набавени нови автобуси за јавниот превоз во Општина Тетово 


Министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи денеска ќе присуствуваат на примопредавање на автобуси набавени за градски јавен превоз во општината. Со ова ОпштинаТетово ќе добие јавен превоз, кој ќе се одвива во три рути со кои ќе се покрие целата територија на Тетово, најави Министерството за финансии. Автобусите се […]

Сончево и студено со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне […]

(Видео) Во Виена се протестира поради најавеното продолжување на епидемиолошките мерки


  Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Виена протестирајќи поради мерките на рестрикции чија цел е сузбивање на епидемијата од корона вирусот, оркако Владата на Себастијан Курц разговараше за нивно продолжување. Демонстрантите, повеќето без маски, носеа транспаренти на кои пишуваше „Курц мора да си оди“. Австрија, држава со околу 8,9 милиони жители, е во […]

Скржави странски инвеститори и дарежлива држава


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Корените на состојбите со ниските плати во компаниите во развојните зони се уште од самите почетоци на реализирање на концептот за привлекување странски инвестиции во земјава. Тој во стартот се темелеше на ниската цена на работната сила   Сите живеевме во уверување дека странските компании покрај новите работни места ќе овозможат и „странски“ […]

Почина Бенџамин Ротшилд, челник на компанија која управува со имот вреден 160 милијарди евра


  Од срцев удар во 57 година од животот почина Бенџамин Ротшилд, кој беше на чело на семејната компанија позната ширум светот. Ротшилд почина денеска во својата куќа во Швајцарија, соопштија од компанијата која ја водеше „Едмонд де Ротшилд Груп“. Управувањето на компанијата го презеде во 1997 година, кога имаше 34 години, а ја основа […]

Со половина милион евра ќе се градат нови и ќе се реконструираат постојни училишта


 Владата вечерва на седница ги усвои програмите за изградба и реконструкција на основни  и за средни училишта за 2021 година, на предлог на Министерството за образование и наука.   Согласно програмите, се планира распределба на средства за градби и реконструкции, стручно технички надзор во процесот на градежните активности, обезбедување на техничка документација, податоци и услуги […]

Филипче: Тие што прележале Ковид, ќе почекаат со вакцинирање


Во очекување на првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот што треба да стигнат во февруари, министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на вестите на ТВ Сител, најави дека е подготвен и поставен системот за вакцинација во однос на складирањето, планот на дистрибуција, како и на идентификувањето на критичните групи според приоритет. -Целосно е […]

Владата повторно ќе дава субвенции за енергетско ефикасни прозорци и колектори


Владата на Северна Македонија, денеска, ја одржа 39-тата седница, посветена на информациите за годишните програми и планови за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации,  согласно буџетските средства предвидени за 2021 година и планот за рационализација. На оваа седница, министерот за здравство Венко Филипче ги запозна членовите на Владата со […]