Со половина милион евра ќе се градат нови и ќе се реконструираат постојни училишта
Согласно програмите, се планира распределба на средства за градби и реконструкции, стручно технички надзор во процесот на градежните активности, обезбедување на техничка документација, податоци и услуги од страна на јавни институции и средства за непредвидени работи и вишоци за училишни објекти за основни училишта и средни училишта во рамките на обезбедените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа година.
Во однос на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година се планирани средства за реализација во вкупен износ од 19.700.000 денари, кои се распределуваат за реконструкција, доградба и подготовка на стручна документација за повеќе средни училишта во Тетово, Прилеп, Свети Николе, Штип.