Набавени нови автобуси за јавниот превоз во Општина Тетово 


Министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи денеска ќе присуствуваат на примопредавање на автобуси набавени за градски јавен превоз во општината. Со ова ОпштинаТетово ќе добие јавен превоз, кој ќе се одвива во три рути со кои ќе се покрие целата територија на Тетово, најави Министерството за финансии.

Автобусите се набавени преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Преку овој проект се инвестира во капитални инвестиции низ општините со цел да се подобрат услугите кои тие ги даваат и на тој начин да се подобри животот на граѓаните кои живеат во нив.

Се инвестира во локални патишта, водоводи, училишта, градинки, енергетска ефикасност, механизација и машини – односно се што придонесува за општинските услуги.