(Видео) Во Виена се протестира поради најавеното продолжување на епидемиолошките мерки


 

Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците на Виена протестирајќи поради мерките на рестрикции чија цел е сузбивање на епидемијата од корона вирусот, оркако Владата на Себастијан Курц разговараше за нивно продолжување.

Демонстрантите, повеќето без маски, носеа транспаренти на кои пишуваше „Курц мора да си оди“.

Австрија, држава со околу 8,9 милиони жители, е во трета блокада, а отворени се само продавниците за прехранбени продукти.

Од почетокот на пандемијата во Австрија заразени се близу 390.000 луше, додека речиси 7.000 починаа.

Експертите за јавно здравје рекоа по состанокот со владините претставници, дека стапката на инфекција е премногу висока за да се разгледуваат можни попуштања на рестрикциите.

Владата за утре најави следни чекори во борбата против корона вирусот.