Беровчанец глумел дека е киднапиран, изнудил 10.000 евра од таткото


– Дваесет и деветгодишник од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра преку лажна изјава за негово киднапирање. Полицијата го товари лицето М. П. (29) за сторено кривично дело „изнуда“.

-Неговиот татко Д. П. (57) на ден 15 јануари 2021 година околу 18 часот во надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало 10.000 евра за да биде пуштен. Според пријавеното, порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа М.П, се вели во полициското соопштение.
 
Во рамки на преземените активности во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П, брат на пријавениот, и М.П, сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон со потврда бил привремено одземен.
 
-Малку подоцна, Д. П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М. П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, при што го признал делото, а предметните парични средства биле пронајдени и вратени на неговиот татко“, стои во соопштението на МВР.
 
Најавуават дека по целосно комплетирање и документирање на настанот до Основното јавно обвинителство Кочани ќе биде изготвен и доставен поднесок по чл.258 од Кривичниот законик – „изнуда“.