Во Франција има 150 познати кластери на епидемијата на коронавирусот


Француските власти тврдат дека епидемијата на корона вирусот е под контрола. Од 2 јуни земјата почна со широки мерки за излегување од строгата изолација, но, сепак, има регистрирани 150 кластери и оваа бројка се зголемува, што зборува дека вирусот и натаму циркулира меѓу населението, јави дописникот на МИА. Од крајот на изолацијата, епидемиолошките жаришта се …

Во Франција има 150 познати кластери на епидемијата на коронавирусот Read More »

Истражување: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба


Општините во државава немаат доволно капацитети (човечки, финансиски, техничко-технолошки) за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво, покажа истражувањето за клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваат инспекциските служби во надлежност на општините, што го спроведе невладината организација „Инфоцентар“ во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од …

Истражување: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба Read More »

„Бош“ разви систем кој сам повикува брза помош по несреќата


Германската компанија „Бош“ разви нов систем наречен Help Connect кој автоматски повикува брза помош ако детектира дека дошло до несреќа. Системот Help Connect наменет е за мотоциклистите и осмислен за тие да добијат помош побрзо, за да им се спаси животот ако има потреба. Податоците покажуваат дека бројот на смртни случаи кај мотоциклистите е 20 …

„Бош“ разви систем кој сам повикува брза помош по несреќата Read More »

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско


Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион. Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а …

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско Read More »

Од заседа убиен полицаец, двајца ранети


Заменик-шериф е застрелан, а двајца полицајци се ранети, во заседа при потрага по осомничен во Бен Ломондо во Калифорнија, соопштија надлежните. Во заседа во која е употребено огнено оружје и експлозиви, заменик-шериф загина, а двајца полицајци се ранети, од кои едниот е погоден во шаката, потврди шерифот Џим Харт, пренесе Асошиејтед прес. При апсењето застрелан …

Од заседа убиен полицаец, двајца ранети Read More »

Корона вирусот е катастрофален удар за економијата, вели претседателот на Светска банка


Пандемијата на коронавирусот е катастрофален удар за светската економија, а економските последици би можеле да траат и една деценија, изјави претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Во интервју за радио Би-Би-Си, Малпас кажа дека поради економската криза предизвикана од пандемијата повеќе од 60 милиони луѓе можат да се соочат да живеат со помалку од една …

Корона вирусот е катастрофален удар за економијата, вели претседателот на Светска банка Read More »

ДУИ продолжува со кампањата идниот премиер да бил Албанец


Како ништо друго да не се случува во земјава Демократската унија за интеграција и денес продолжи со кампањата за промовирање на нејзината идеја следниот премиер на Македонија да бил Албанец. Иако досега сите партии од албанскиот политички блок ја отфрлија таа идеја. Со соопштение ДУИ ги повика сите Албанци и албански политички партии да застанеле …

ДУИ продолжува со кампањата идниот премиер да бил Албанец Read More »

Лекувањето на пациент со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари


Кинеската Влада трошела во просек околу 23.000 јуани (околу 3.200 американски долари) за лекување на пациент од корона вирус со пневмонија, се наведува во „Белата книга“ што денеска ја објави кинескиот Државен совет под наслов „Борба против Ковид-19: Кинеска акција“. „ До 31 мај медицинските сметки за 58.000 пациенти со потврдена дијагноза се покриени од …

Лекувањето на пациент со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари Read More »

Дури 22 угостители во туристички места примале гости, иако не е дозволено


Кривични пријави за вкупно 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ …

Дури 22 угостители во туристички места примале гости, иако не е дозволено Read More »

Од гром изгореа штала и животните во неа


На 06.06.2020 околу 15,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386


Во изминатото деноноќие 154 лица не ја почитувале забраната за движење при што 130 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следат соодветни мерки, информира утринава Министерството за внатрешни работи. Полицијата евидентирала и 386 прекршоци за неносење на заштитна маска и две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Во …

Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386 Read More »

Тропската бура Кристобал му се заканува на југоистокот на САД


Тропската бура Кристобал, што се движи кон југоисточниот дел на САД, веќе предизвика торнадо на Флорида и обилни дождови, како и поплави во Мексико и Централна Америка. Се очекува бурата вечерва да го погоди американското тло, но се проценува дека нема да се претвори во ураган. Во торнадото во Орландо, на Флорида, нема повредени, но …

Тропската бура Кристобал му се заканува на југоистокот на САД Read More »

ФАО: Над 600 милиони луѓе се разболуваат, 420 илјади умираат од небезбедна храна


Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Органзиацијата на Обединетите нации. Целта е да …

ФАО: Над 600 милиони луѓе се разболуваат, 420 илјади умираат од небезбедна храна Read More »

За Трамп протестите не биле масовни


Во време кога стотици илјади Американци протестираат по улиците во градовите низ САД против полициската бруталност, претседателот Донал Трамп има малку поинакво мислење, тврдејќи дека во Вашингтон има „помала турканица отколку што би требало да се очекува“. “Многу помала турканица во Вашингтон отколку што се очекуваше. Националната гарда, тајната служба и полицијата во Вашингтон прават …

За Трамп протестите не биле масовни Read More »

Осомничениот Германец за Медлин Мекен се поврзува и за два други случаи на исчезнување на деца


Таткото на шестгодишното дете кое исчезна во Португалија во 1996 се надева дека конечно ќе дознае што се случило со неговиот син   Таткото на шестгодишно германско момче, кое исчезна на одмор во Португалија пред речиси 24 години, вели дека неодамнешните драматични случувања во случајот со Медлин Мекен му дале надеж дека конечно ќе дознае …

Осомничениот Германец за Медлин Мекен се поврзува и за два други случаи на исчезнување на деца Read More »

Латинска Америка урива рекорди со корона вирусот


Ова беше уште една лоша недела за Латинска Америка. Бројот на заразените  и на умрените од коронавирусот низ целиот регион растат побрзо од каде било во светот. И што е поважно, во најтешко погодените земји тие не покажуваат знаци на забавување. Регионот досега регисѕрираше речиси 1,2 милиони заразени и повеќе од 60.000 смртни случаи. „Особено …

Латинска Америка урива рекорди со корона вирусот Read More »

МЗЗПР: На секој вработен заболен од Ковид-19 на работното место да му биде исплатена 100 проценти плата


Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст до Владата со кој бара на секој заразен работник на работното место со корона вирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100 проценти. – Со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на …

МЗЗПР: На секој вработен заболен од Ковид-19 на работното место да му биде исплатена 100 проценти плата Read More »

Болсонаро обвинет за криење на вистинските податоци за бројот на заразени и умрени од корона вирусот


Бразилските власти ги отстраниле од владиниот сајт повеќемесечните податоци за бројот на заразени и умрени од корона вирусот, откако беше критикуван начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро се справува со епидемијата. Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро за „криење“ на точниот број на смртни случаи од корона вирусот. Министерството претходниот …

Болсонаро обвинет за криење на вистинските податоци за бројот на заразени и умрени од корона вирусот Read More »

Том Џонс денеска полни 80 години


Aнглија – Познатиот британски пејач Том Џонс, познат по хитовите „Дилајла“ и „Секс бомба“, денеска полни 80 години, а во пресрет на неговиот роденден, супер ѕвездата се потсети на неговата успешна кариера и живот. -Уште многу години сакам да продолжам да пеам. Можеби некогаш ќе се појави уште една „Секс бомба “. Не ја исклучувам и …

Том Џонс денеска полни 80 години Read More »

„Билд“: Лигата на шампионите ќе се доигра во Лисабон


Шефовите на УЕФА веќе одлучија во кој град ќе се одржи последната фаза од Лигата на шампионите. Според „Билд“, Лисабон ќе биде домаќин на мини-турнир. Главниот град на Португалија победи во конкуренција на Франкфурт и Москва. Неколку фактори одат во корист на Лисабон. Како прво, сите португалски клубови веќе се надвор од европските турнири, што …

„Билд“: Лигата на шампионите ќе се доигра во Лисабон Read More »