Села би коалицирал и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ


Не сме против идејата Албанец да биде премиер како што не сме против да биде и од друга етничка заедница. Најважно е тој премиер да биде квалитетен и без етнички предзнак, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за Радио Слободна Европа. Тој е убеден во победа на неговата коалиција на следните …

Села би коалицирал и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Политичките партии потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација


Декларацијата за приоритено донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација денеска ја потпишаа 17 политички партии. Политичките партии кои стојат како потписници на оваа Декларација се: Алијанса за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, Глас за Македонијa, ДЕМОКРАТИ, Демократски сојуз (ДС), Зелена партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Либерално демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединета …

Политичките партии потпишаа Декларација за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација Read More »

Трамп потврди дека САД извршиле кибер напади врз Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за весникот Вашингтон пост потврди дека САД во 2018 година извршиле кибер напади против Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Нападите биле насочени Агенцијата за интернет истражувања од Санкт Петербург, така наречена „фарма на тролови“ која ја предводеше руската вмешаност во изборите во САД во 2016 година. Трамп …

Трамп потврди дека САД извршиле кибер напади врз Русија Read More »

Србија ја прифати новата методологија за пристапување кон ЕУ


Српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз изјави дека разговарал за три клучни теми со францускиот претседател Емануел Макрон – косовското прашање, билатералните односи и европскиот пат на Србија и дека го известил Макрон дека Србија ја прифаќа новата методологија за пристапување во ЕУ. „Добро се разбираме“, рече Вучиќ и изрази уверување дека со новата методологија, …

Србија ја прифати новата методологија за пристапување кон ЕУ Read More »

Филипче: ГОБ „8ми Септември“ наскоро ќе продолжи со работа како што беше претходно организирана


Еден од катовите на болницата „8ми Септември“ ќе се ослободи од пациенти со Ковид-19, кои деновиве ќе бидат префрлени во модуларната болница која располага со 72 болнички кревети, ова денеска било договорено на средбата меѓу министерот за здравство Венко Филипче со синдикатот на ГОБ „8ми Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и …

Филипче: ГОБ „8ми Септември“ наскоро ќе продолжи со работа како што беше претходно организирана Read More »

Изминатата седмица во Охрид 29, во Струга 55 и во Дебар 35 потврдени случаи на Ковид-19


Седмичниот билтен на Центарот за јавно здравје од Охрид што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 4 до 10 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 29 лица од Охрид, 55 лица од Струга и 35 лица од Дебар. Изминатата седмица од вкупно земените …

Изминатата седмица во Охрид 29, во Струга 55 и во Дебар 35 потврдени случаи на Ковид-19 Read More »

Богојески: Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој и солидарност


Петар Богојески на последната граѓанска трибина која се одржа на кејот на Вардар во Карпош 4 ја повтори програмата на Македонски концепт заснована на концептот 3С, односно Слобода, Спокој и Солидарност. Богојески зборуваше за слободата како една од клучните алки за постоење на едно демократско општество. Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој …

Богојески: Ова е последна шанса за живот во слобода, спокој и солидарност Read More »

Јанко Бачев: Народот ќе победи


Пред нас се уште едни избори на 15 јули. Триесет години се менуваат на власт СДС и ДПМНЕ а на земјата не и оди добро. Повторно ги слушаме истите лаги од ДПМНЕ и СДС за кој во изминативе 30 години гледаме беззаконие, криминал, корупција и растурање на државата. Заев го брише името на државата, идентитетот, …

Јанко Бачев: Народот ќе победи Read More »

Се откажува ли ВМРО-ДПМНЕ од финансиската дисциплина?


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Пораката на Игор Јанушев дека ќе го укинат извршувањето на куќи и станови, можеби ќе привлече некој глас повеќе, но негативните ефекти можат да бидат многу поголеми Како да им се помогне на граѓаните што должат, но истовремено да не се наруши и правото на доверителите да ги наплатат своите побарувања? Ова чувствително …

Се откажува ли ВМРО-ДПМНЕ од финансиската дисциплина? Read More »

Борел: Одлуката на Турција и на Ердоган за Света Софија е за жалење


Белгија– Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на турските власти Света Софија повторно да стане џамија. – Одлуката на турскиот Државен совет да поништи една од модерните одлуки на Турција и одлуката на претседателот (Реџеп Тајип) Ердоган, споменикот да се даде под управа на …

Борел: Одлуката на Турција и на Ердоган за Света Софија е за жалење Read More »

САД разочарани поради промена на статусот на Света Софија во Истанбул


САД– Портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус синоќа изјави дека САД се разочарани со одлуката на турската Влада за смена на статусот на Света Софија во Истанбул. – Укажуваме на преземената обврска на турската Влада дека ќе гарантира пристап до Аја Софија за сите посетители и со нетрпение очекуваме да ги видиме нејзините планови …

САД разочарани поради промена на статусот на Света Софија во Истанбул Read More »

Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО


САД – Американскио претседател Доналд Трамп во интервју за Вашингтон пост и телевизијата Фокс изјави дека не планира да ги повлече САД од НАТО. – Не јас не сакам излегување од НАТО. Но, сакам (другите земји-членки) да го плаќаат својот дел, истакна Трамп. Тој додаде дека осум земји-членки издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за …

Трамп: Не планирам да ги повлечам САД од НАТО Read More »

Геноцидот во Сребреница 25 години подоцна: Кој се е осуден во Хаг, во Србија, во Босна и во Хрвaтска


БиХ– Шестмина Бошњаци од Сребреница лежат на подот на воен камион. Војник со чизма го удира едниот од мажите во глава, при тоа прашувајќи го и пцуејќи го: „Што се тресиш?“. Наскоро овие заробеници, од кои тројца беа малолетни, ќе бидат убиени од припадниците на српската паравоена единица „Шкорпиони“, кои злосторството го забележаа на видео-снимка. …

Геноцидот во Сребреница 25 години подоцна: Кој се е осуден во Хаг, во Србија, во Босна и во Хрвaтска Read More »

Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија


Грција– Грција на најкатегоричен начин ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија, изјави  грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а со реакции излегоа и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, но и останатите опозициски партии во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, освен што изразува осуда …

Мицотакис: Грција најкатегорично ја осудува одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија Read More »

Предизборна кампања по здравствени протоколи – одговорноста кај политичките партии и граѓаните


Предизборна кампања со почитување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метри, миење и дезинфекција на рацете и носење заштитна маска на сите партиски активности предвидува протоколот на Комисијата за заразни болести. Ова се препораките, а одговорноста за почитување на здравствените протоколи за време на изборните активности на отворен или затворен простор е на самите …

Предизборна кампања по здравствени протоколи – одговорноста кај политичките партии и граѓаните Read More »

Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9, …

Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи Read More »

Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава


Највисок број новозаразени со коронавирусот регистрираше вчера Институтот за јавно здравје. Со новоевидентираните 205 случаи од кои повторно најмногу има во Скопје, вкупниот број новозаболени од почетокот на епидемијата, досега, во државава достигна 7.777. Според податоците, регистрирани се и рекордни 336 оздравени, чиј вкупен број изнесува 3.960, а вкупно се починати 368 пациенти. Меѓу оздравените …

Ковид-19 зема замав, рекорден број новозаболени и оздравени во државава Read More »

Уште два дена кампања, СДСМ денес во Кавадарци и Јегуновце, ВМРО-ДПМНЕ во Кратово и Крива Паланка


Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк. Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните, на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда …

Уште два дена кампања, СДСМ денес во Кавадарци и Јегуновце, ВМРО-ДПМНЕ во Кратово и Крива Паланка Read More »

Повредени новинари за време на протестите во Белград


Србија– Двајца новинари на српската новинска агенција Бета се повредени за време на синоќешниот протест и се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Тие се донесени во Ургентниот центар со брза помош околу 22 часот, поради повреди здобиени за време на протестот што се одржа на платото пред српскиот Парламент. Владимир Шкундриќ, син на Петар …

Повредени новинари за време на протестите во Белград Read More »

Заев во Карпош: Правиот пат значи ЕУ и НАТО


Денес правиот пат значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој, истакна синоќа на предизборниот собир на коалицијата „Можеме“ во Скопје, лидерот на СДСМ Зоран Заев. – Убаво е слободно Скопје кое што верува дека одиме по правиот пат, Скопје кое што …

Заев во Карпош: Правиот пат значи ЕУ и НАТО Read More »