Србија ја прифати новата методологија за пристапување кон ЕУ


Српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз изјави дека разговарал за три клучни теми со францускиот претседател Емануел Макрон – косовското прашање, билатералните односи и европскиот пат на Србија и дека го известил Макрон дека Србија ја прифаќа новата методологија за пристапување во ЕУ.

„Добро се разбираме“, рече Вучиќ и изрази уверување дека со новата методологија, Србија може да отвори многу поглавја, но дека ниту него ниту Макрон не ги интересира тоа, туку суштината.

Тој рече дека одложувањето на дијалогот не е добро за Белград, затоа што мора да ја зачува стабилноста на северот на Косово. „Ако започне лудилото околу обвинението на Тачи, тоа ќе влијае на Србите, нема на кој друг“, рече Вучиќ и рече дека сака да разговара и да ги намали тензиите.

Вучиќ рече дека не може да каже дека Макрон ја поддржува Србија по прашањето на Косово, но дека го разбрал прашањето што добива Србија со признавањето.

По Париз, Вучиќ треба да отпатува за Брисел, каде е предвидено да го продолжи дијалогот со премиерот на Косово, Авдулах Хоти, со медијација на ЕУ, која е прекината од ноември 2018 година. Вучиќ досега не се состана со Хоти, кој стана косовски премиер на 3 јуни.

Најавено е дека работата на постигнување сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Во врска со видео самитот на Србија и Косово, чиј домаќин беа Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, Вучиќ рече дека тој „не смета дека ќе има премногу резултати“, но дека „ќе се најдат некои принципи“.

Заедно со Макрон, на самитот учествуваа и Меркел и Вучиќ, Хоти, Лајчак и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Вучиќ исто така рече дека Макрон е „исклучителен геополитички експерт“ кој „добро ја разбира целата ситуација во регионот“.

„Би било смешно да се каже дека Макрон (по прашањето за Косово) е на наша страна, затоа што тој не е, но мислам дека добро ја разбира позицијата на Србија“, рече Вучиќ.

Тој исто така рече дека час и половина разговарал со Макрон приватно и дека тие тогаш биле на вечера. Тој го оцени гостопримството кое му го покажа Макрон како „речиси неверојатно“ и додаде дека „тој досега не го доживеал тоа во западните земји“. (Бета)