Управниот суд ги одби сите тужби од Алијанса и Алтернатива и на Интегра, а ги потврди решенијата на ДИК


Тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија, информираат од Управниот суд. – Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука …

Управниот суд ги одби сите тужби од Алијанса и Алтернатива и на Интегра, а ги потврди решенијата на ДИК Read More »

Борисов: Прифатени оставките на четворица министри


Прифатени се оставките на министрите за финансии Владислав Горанов, за внатрешни работи Младен Маринов, за економија Емил Караниколов и за туризам Николина Ангелкова, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со коалициските партнери. Оставките доаѓаат во момент на секојдневни антивладини протести во Софија и низ целата земја, со барање за оставка на Владата и на …

Борисов: Прифатени оставките на четворица министри Read More »

Утре и за викендот локален пороен дожд и засилен ветер


Утре и за време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а дневните од 28 до 36 степени. Од понеделник повторно …

Утре и за викендот локален пороен дожд и засилен ветер Read More »

Вучиќ: Денеска ќе имаме поголем број заразени како резултат на протестите


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој е во посета на Бања Лука изјави дека денеска во Србија ќе има зголемен број новозаразени. – Белград и Нови Сад, тоа се жаришта настанати како последица на протестите. Тоа го знаевме и го очекувавме – рече Вучиќ. – Се надевам дека ќе го поминеме овој најлош период …

Вучиќ: Денеска ќе имаме поголем број заразени како резултат на протестите Read More »

Истражување: Имунитетот на корона вирусот трае само неколку месеци


Луѓето кои прележале Ковид-19 имаат краткотраен имунитет на корона вирусот. Ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон откри дека имунитетот трае само неколку месеци, пренесе BBC. Во студијата учествувале 96 лица на кои било проучувано како се создаваат антитела на вирусот и колку долго се задржуваат. Резултатите покажале дека антителата почнуваат да исчезнуваат три месеци …

Истражување: Имунитетот на корона вирусот трае само неколку месеци Read More »

Мета: Итно да се стопира драматичната депопулација на Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по објавената статистиката од Обединетите нации, каде се вели дека во изминатите три децении Албанија ја напуштиле 1,2 милиони луѓе. Во врска со овие алармантни бројки, шефот на албанската држава потенцира дека запирањето на драматичното темпо на депопулација на Албанија е најголемиот предизвик за кој итно се потребни конкретни решенија. …

Мета: Итно да се стопира драматичната депопулација на Албанија Read More »

Напаѓачот на time.mk не ја нападнал и страницата на ДИК


Интервју со хакерите кои во изборната вечер ја нападнаа страницата на агрегаторот time.mk објави it.mk, во кое тие објаснуваат дека не направиле никаков ДДос напад и дека не се одговорни за нападот на страницата на Државната изборна комисија. Најавуваат и десетици други, многу поголеми напади во следните недели, за да се промени нешто во државата, …

Напаѓачот на time.mk не ја нападнал и страницата на ДИК Read More »

Љубчо Георгиевски со адвокатски тим ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, не е задоволен од последните измени на Статутот во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, …

Љубчо Георгиевски со адвокатски тим ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Суспендиран советникот на Чулев поради инцидентите на изборниот ден


Против Зоран Ѓорѓески, вработен во МВР, на позиција советник на техничкиот министер Наќе Чулев, е поднесена кривична пријава по инцидентот што се случи на изборниот ден, кога го нападнал началникот на Единицата за безбедност на сообраќај во Тетово. Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги …

Суспендиран советникот на Чулев поради инцидентите на изборниот ден Read More »

Србија: На кризниот штаб веќе никој не му верува. Прогласот го потпишале 1.200 лекари


Кој треба да го формира, министерот во заминување, премиерот во заминување? Лекарите кои имаат потпишано петиција или барање за нов кризен штаб треба да формираат независен кризен штаб, изјави за весникот „Данас“ познатиот српски хирург од Нови Сад, Мирослав Илиќ, вработен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица. Тој забележува дека, колку што знае, …

Србија: На кризниот штаб веќе никој не му верува. Прогласот го потпишале 1.200 лекари Read More »

Вработен во кафетеријата во Белата куќа позитивен на Ковид-19


Претставниците на американската администрација се предупредени дека вработен во кафетеријата во Белата куќа е позитивен на Ковид-19. Кафетеријата е привремено затворена, а вработените преку електронска пошта се известени дека е мал ризикот од пренесување на новиот коронавирус поради превентивните мерки односно носењето рајкавици и маски. – Нема причина за паника, се наведува во писмото испратено …

Вработен во кафетеријата во Белата куќа позитивен на Ковид-19 Read More »

Нефрологија со нова медицинска опрема и реновирани оддели


На Универзитетска клиника за нефрологија е извршено комплетно реновирање на интензивниот оддел, како и одделите за хронична и акутна дијализа, одделот за трансплантација на бубрег, како и одделот за васкуларни пристапи. Со оваа инвестиција, значително е унапреден квалитетот на здравствената заштита, имајќи предвид дека оваа клиника е единствена установа во државата која третира најкомплексни пациенти со …

Нефрологија со нова медицинска опрема и реновирани оддели Read More »

Работници од Западен Балкан ќе можат да доаѓаат во Германија, но најмногу 25.000 годишно


Германското правило за работници од Западен Балкан треба да остане во сила до 2023 година – граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово и понатаму ќе можат да доаѓаат во Германија, без разлика на стручната подготовка. – Олеснувањата кога станува збор за правилата за доаѓање во Германија за граѓаните од Западен …

Работници од Западен Балкан ќе можат да доаѓаат во Германија, но најмногу 25.000 годишно Read More »

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета


Секој има право на здрава Планета, е глобалната кампања што ја покренаа повеќе од 100 граѓански организации низ целиот свет. Тие бараат од Обединетите нации да се воведе нов член во Универзалната декларација на човекови права за да се осигури универзално право на здрава природна средина. Кон ваквата иницијатива се приклучи и Македонско еколошко друштво …

Преку 100 организации низ целиот свет бараат ново човеково право – на здрава Планета Read More »

Во Бугарија заразени 202 лекари, 208 сестри


  Во Бугарија денеска се регистрирани 330 нови случаи со корона вирус, од тестирани 6.183 лица, а починаа седум пациенти. Во истиот период оздравеле 122 лица, соопшти бугарскиот национален поратл за следење на корона вирусот. Од почетокот на епидемијата заразени се 9.584 лица, а во моментот активни се 4.620 случаи, пренесе БТА. Во болница се …

Во Бугарија заразени 202 лекари, 208 сестри Read More »

Србија размислува да го продолжи мораториумот за отплата на кредити најмалку два месеци


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ, за дополнителен мораториум за отплата на кредитите од одредени услови, како за физички лица, така и за компаниите, барем уште два месеци, пишува Банкар.рс. Во првиот пакет мерки на економијата и беше дадена можност за мораториум на заемите за три месеци. …

Србија размислува да го продолжи мораториумот за отплата на кредити најмалку два месеци Read More »

Колапс на САД: Крематориумите имаат листа на чекање


  Втор ден по ред во Америка од корона вирус починаа повеќе од 1.100 луѓе. Рекордни цифри на починати пријави Алабама, Калифорнија, Невада, Тексас и мисури. По привремениот пад на заразени, 23 држави во САД бележат зголемен број жртви, покажува анализата на Ројтерс. Вкупниот број заразени надмина четири милиони. Во средата најмногу смртни случаи имаше …

Колапс на САД: Крематориумите имаат листа на чекање Read More »

Во Бразил за еден ден инфицирани 67.860 луѓе со Ковид-19


Во Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 67.860 луѓе инфицирани со Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство. Во Бразил од последици од новиот коронавирус досега починаа 82.700 лица, додека вкупно заразени се 2,2 милиони луѓе. Светска здравствена организација во петокот соопшти дека епидемијата со Ковид-19 …

Во Бразил за еден ден инфицирани 67.860 луѓе со Ковид-19 Read More »

Кина лансираше вселенско летало на Марс


Кина лансираше бесспилотно вселенско летало кон Марс од космодромот Ванчан, на јужниот кинески остров Хајнан. Вселенското летало „Тјанван-1“ ќе помине најмалку 55 милиони километри за до февруари да пристигне на Марс, каде ќе ја истражува атмосферата и површината на Црвената планета. „Тјанван-1“ ќе атерира на Марс и ќе испрати робот, кој ќе ја испитува површината …

Кина лансираше вселенско летало на Марс Read More »

Втора победа по ред за Пандев и Џенова


Калчолигашот Џенова е на добар пат да избори опстанок, откако синоќа во градското дерби ја совлада Сампдорија со 2:1. За тимот на Горан Пандев ова беше втор триумф во низа по кој на три кола до крајот на сезоната во Серија А ја задржа предноста од четири бода пред конкурентот за опстанок Лече. Резултати на …

Втора победа по ред за Пандев и Џенова Read More »