Србија размислува да го продолжи мораториумот за отплата на кредити најмалку два месеци

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ, за дополнителен мораториум за отплата на кредитите од одредени услови, како за физички лица, така и за компаниите, барем уште два месеци, пишува Банкар.рс.

Во првиот пакет мерки на економијата и беше дадена можност за мораториум на заемите за три месеци. Повеќе од 92 отсто од компаниите ја искористија можноста да ја оддложат отплатата.

Претходниот мораториум траеше 90 дена, а банките и лизинг компаниите беа должни да објават известувања за понудата на своите веб-страници во рок од три дена од влегувањето во сила на одлукатта додека должникот имаше рок од десет дена да ја одбие понудата, а ако не го сторил тоа – се сметаше дека понудата била прифатена на десеттиот ден.

По завршувањето на мораториумот, клиентот продолжува да ги извршува обврските редовно, според планот, а рокот на отплата всушност е продолжен за три месеци, додека каматата пресметана за време на мораториумот се припишува на долгот и рамномерно се распределува на останатите рати.

Имено, На 17 март годинава, Народната банка на Србија донесе решенија со кои се предвидува одложување на отплатата на обврските на должниците.

Мораториумот беше пропишан за сите должници кои го сакаа тоа (поединци, земјоделци и претприемачи и компании) и тоа значеше одложување на отплата на обврските по сите основи – или заеми или картички.

Клиентите кои го прифатија мораториумот ќе го вратат заемот три месеци подолго, а нивната месечна рата ќе се зголеми за неколку евра.