Вучиќ: Денеска ќе имаме поголем број заразени како резултат на протестите


 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој е во посета на Бања Лука изјави дека денеска во Србија ќе има зголемен број новозаразени.

– Белград и Нови Сад, тоа се жаришта настанати како последица на протестите. Тоа го знаевме и го очекувавме – рече Вучиќ. – Се надевам дека ќе го поминеме овој најлош период пред крајот на оваа седмица. Очекувам до сабота да завршиме со тоа доцнење во дознавањето на реузлтатите. Тестираме најмногу, девет пати повеќе од другите во регионот. А ќе тестираме уште повеќе – рече Вучиќ.

Тој за неговиот народ имаше две пораки, прв, дека Дрбија е во преговори со една земја која развива вакцина против корона вирус и дека се надева оти ќе ја добијат пред крајот на оваа година. Второ, дека ситуацијата не е лесна никаде во светот, но дека во Србија е полесна од каде и да е во Европа. Повика луѓето да трошат пари, оти нема да им недостасуваат, ни плати, ни пензии.