Кина лансираше вселенско летало на Марс

Кина лансираше бесспилотно вселенско летало кон Марс од космодромот Ванчан, на јужниот кинески остров Хајнан.

Вселенското летало „Тјанван-1“ ќе помине најмалку 55 милиони километри за до февруари да пристигне на Марс, каде ќе ја истражува атмосферата и површината на Црвената планета.

„Тјанван-1“ ќе атерира на Марс и ќе испрати робот, кој ќе ја испитува површината на планетата.

Тоа е прва самостојна кинсека мисија до друга планета и ако биде успешна, Кина ќе биде трета земја по САД и поранешниот Советски Сојуз, која испратила сонда на Марс.

Кина во 2011 година заеднички работеше со Русија за испраќање летало на Марс, но мисијата не успеа.

Осум сонди – американски, европски и индиски се во орбитата на Марс или на површината на Црвената планета. Во неделата Обединети Арапски Емирати од Јапонија лансираа сонда кон Марс, а во следните месеци се очекува нова американска мисија.