Љубчо Георгиевски со адвокатски тим ќе ја враќа титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Љубчо Георгиевски, првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, не е задоволен од последните измени на Статутот во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено.

Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, пишува Поглед.мк, портал близок до неговата сегашна партија ВМРО-НП.

Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.