Колапс на САД: Крематориумите имаат листа на чекање


 

Втор ден по ред во Америка од корона вирус починаа повеќе од 1.100 луѓе. Рекордни цифри на починати пријави Алабама, Калифорнија, Невада, Тексас и мисури.

По привремениот пад на заразени, 23 држави во САД бележат зголемен број жртви, покажува анализата на Ројтерс.

Вкупниот број заразени надмина четири милиони. Во средата најмногу смртни случаи имаше во тексас, калифорнија, Флорида, Охајо, меѓу 100 и 200.

Најтешко покоден е округот Идалго во Тексас, каде телата на починатите се држат во ладилници откако бројот на смртни случаи од Ковид -19 двојно се зголеми во тек на една недела.

Округот Идалго на границата со мексико, регистрираше пораст минатата недела од 60 отсто, а брјот на починати се зголеми повеќе од двојно, пишува Ројтерс.

Крематориумите во таа област имаат листа на чекање, вели неименуван извор, поради што властите користат пет камиони ладилници со по 5о тела.

Американската сојузна држава Мисури забележа рекорден број новозаразени во изминатите 24 часа.

Потврдени се 1.301 нов случаи на инфекција, па вкупниот број заразени во таа сојузна држава е 36.063, пренесе Си-ен-ен.

Како што се наведува, овој месец забележан е зголемиен број тестирања, но и случаи на инфекција.

Зголемувањето се должи на заостанување на обработката на податоци во однос на податоците на државно ниво.