Тисенкруп ја продаде фирмата за лифтови за 17,2 милијарди евра


Германскиот конгломерат Тисенкруп денеска соопшти дека ја заврши продажбата на фабриката за производство на лифтови на приватни инвестициски фирми за 17,2 милијарди евра. Тисенкруп со продажбата си обезбеди финансиска инекција, но во исто време остана и без својот најдобар имот. Германскиот индустриски гигант во февруари постигна договор за продажба на фирмата ТК Елеватор конзорциум на …

Тисенкруп ја продаде фирмата за лифтови за 17,2 милијарди евра Read More »

Француски „Алстом“ доби зелено светло од ЕК да го купи канадски „Бомбардие транспорт“


Европската комисија соопшти дека дале условно одобрување на францускиот гигант „Алстом“ да го купи канадскиот производител на возови „Бомбардие транспорт“. – Ќе се појави посилен комбиниран ентитет „Алстом“ и „Бомбардие“, изјави комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрет Вестагер. Потегот на Алстом е преземен по неуспехот од спојувањето со германски Сименс. Бомбардие Транспорт е железничка филијала …

Француски „Алстом“ доби зелено светло од ЕК да го купи канадски „Бомбардие транспорт“ Read More »

Аеродром се изедначи со Чаир по број на заболени од Ковид-19


Скопската Општина Аеродром, денеска има ист број активни случаи со Чаир, Општина која речиси цел месец предничеше по бројот на заразени со корона вирус, покажува  последниот извештај на Институт за Јавно здравје. Денеска и во Аеродром и во Чаир има по 171 активен случај со Ковид-19.. Над 100 активни има уште и во Гази Баба, …

Аеродром се изедначи со Чаир по број на заболени од Ковид-19 Read More »

Бебето родено со 690 грама по три месеци заминува од ГАК


По три месеци и четири дена на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство -Скопје, со престој на одделот за интензивна нега и терапија (ОИНТ), предвремено роденото бебе Инара денеска замина дома како здраво бебе во добра општа состојба. Од Клиниката информираат дека бебето е родено на 27 април годинава и тоа предвреме во 28 гестациска …

Бебето родено со 690 грама по три месеци заминува од ГАК Read More »

Чаршијата замре за Курбан Бајрам (галерија)


Граѓаните на Скопје, особено од исламската вероисповед, денешниот најтопол ден ова лето и прв ден од Курбан Бајрам (трае четири дена) одлучија да го поминат дома или во затворен простор. Дел од граѓаните сигурно ќе го спојат денешниот ден со викендот и со неработниот понеделник за празникот Илинден и ќе заминат во некој од туристичките …

Чаршијата замре за Курбан Бајрам (галерија) Read More »

Оздравеле 534 пациенти, нови 139 случаи, починаа шест пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 36 – Куманово 11 – Дебар 2 – Штип 11 – Прилеп 1 – Тетово 14 – Струга 8 – Велес 4 – Битола 2 – Кавадарци 5 – Гостивар 16 – Струмица 1 – Крушево …

Оздравеле 534 пациенти, нови 139 случаи, починаа шест пациенти Read More »

Пролонгирано укинувањето на дел од рестриктивните мерки во Англија


Понатамошното укинување на рестриктивните мерки во Англија, што требаше да стапи на 1 август пролонгирано е за најмалку две недели, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон. Настапите во затворен простор нема да се реализираат, а исто така не се дозволени и гужви во спортските центри, како и свадби со повеќе од 30 луѓе. Одложувањето се …

Пролонгирано укинувањето на дел од рестриктивните мерки во Англија Read More »

ЗНМ и ССНМ: Обвинителството да го преиспита случајот со Златев


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска преку соопштение изразуваат загриженост во врска со Обвинителниот предлог против Љупчо Златев, уредник на Лидер.мк од страна на Основното јавно обвинителство Скопје за наводно сторено кривично дел „Оддавање на службена тајна“. Како што се наведува во соопштението, ОЈО во …

ЗНМ и ССНМ: Обвинителството да го преиспита случајот со Златев Read More »

Талат Џафери го нема на списокот за Мечкин Камен


Владата попладнево информираше за одбележувањето на Денот на Републиката 2 Август во Крушево, Пелинце и во Скопје и за составот на владините делегации кои на трите места ќе положат венци и цвеќе на спомен-обележјата. Оваа година свеченостите ќе се реализираат согласно со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Со …

Талат Џафери го нема на списокот за Мечкин Камен Read More »

Кредитирањето во вториот квартал ги надмина проекциите на Народната банка


Мерки на Народната банка донесени од почетокот на кризата, со коишто се создадоа услови за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, овозможија пораст на кредитирањето во периодот април, мај и јуни, пред се на претпријатијата, оцени денес Советот на Народната банка. Како што се …

Кредитирањето во вториот квартал ги надмина проекциите на Народната банка Read More »

Во Србија уште 339 заразени, починаа осуммина


  Според последните податоци, во Србија забележани се нови 339 заразени со корона вирус. Починаа осум пациенти. Во текот на последните 24 часа направени се 9.436 тестирања. На респиратор во моментот се 162 пациенти.

Одложен 41. Илинденски пливачки маратон на Охридското Езеро


Поради ситуацијата со коронавирусот и зголеминиот број туристи во Охрид, организаторите решија да го одложат 41.Илинденскиот мал пливачки маратон. Според последните информации, маратонот нема да се одржи во предвидениот реводен термин на 2 август, туку во некој од наредните викенди. Точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен. Организатор на традиционалниот спортски настан е пливачкиот …

Одложен 41. Илинденски пливачки маратон на Охридското Езеро Read More »

Зголемен бројот на активни случаи во Хрватска, почина едно лице


  Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 67 случаи со корона вирус, со што бројот на активни случаи се искачи на 727, а едно лице почина. Како што пренесе Index.hr, 125 пациенти се во болница, а шест на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Хрватска заболеа 5.139 луѓе, од кои 145 починаа, а …

Зголемен бројот на активни случаи во Хрватска, почина едно лице Read More »

Лажни покани до граѓани за истрага за измама во банка


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка. Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат …

Лажни покани до граѓани за истрага за измама во банка Read More »

Мијалков: Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Ексдиректорот на УБК, како и поранешен партиски функционер, Сашо Мијалков го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека преку медиумите шири лаги за него и му порача да го искористи времето додека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор, за да ги убеди партиите на Албанците да коалицираат со него.   Реакцијата на Мијалков …

Мијалков: Мицкоски не заслужува да е лидер на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Рекорден број новозаразени во БиХ


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистриани се нови 432 случаи со корона вирус, што е најголем број новозаразени во еден ден, соопштија денеска надлежните. Од тој број во Федерацијата БиХ потврдени се 309 нови случаи, додека во Република Српска 123, пренесе Klix. Во федерацијата БиХ починаа шестмина, а во РС пет …

Рекорден број новозаразени во БиХ Read More »

РКЕ не донесе одлука за цената на парното


Регулаторната комисија за енергетика денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна директорот на РКЕ Марко Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат. -Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме …

РКЕ не донесе одлука за цената на парното Read More »

Трамп се предомисли за одложувањето на изборите


Американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа изјави дека не сака презакажување на датумот за планираните избори годинава во ноември. – Не сакам да одложувам, туку сакам да има избори (во ноември). Но, исто така не сакам да чекам (резултати) три месеци а потоа да се открие дека сите (испратени по пошта) …

Трамп се предомисли за одложувањето на изборите Read More »

Во Словачка прв смртен случај од Ковид-19 од мај


Во Словачка во последните 24 часа е регистриран првиот нов смртен случај од Ковид-19 по 15 мај, а заразени се уште 27 лица. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот во Словачка е потврден кај 2.292 лица, од кои 29 пациенти ја изгубиле битката со болеста. Во моментов во болниците има 15 лица за кои е потврдено дека имаат …

Во Словачка прв смртен случај од Ковид-19 од мај Read More »

Обвинение за серискиот убиец од Струмица


Основното јавно обвинителство од Струмица поднесе обвинение против едно лице од село Добрејци поради основано сомневање дека во октомври 2018 година на подмолен начин и од материјални побуди го убил лицето Александар Мицев од Струмица испукувајќи два куршума од огнено оружје во неговата глава. Обвинителството потсетува дека на 6 февруари годинава истото лице е осудено …

Обвинение за серискиот убиец од Струмица Read More »