Аеродром се изедначи со Чаир по број на заболени од Ковид-19

Фото: Б. Грданоски

Скопската Општина Аеродром, денеска има ист број активни случаи со Чаир, Општина која речиси цел месец предничеше по бројот на заразени со корона вирус, покажува  последниот извештај на Институт за Јавно здравје.

Денеска и во Аеродром и во Чаир има по 171 активен случај со Ковид-19.. Над 100 активни има уште и во Гази Баба, Карпош, Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 171
• Аеродром – 171
• Бутел – 97
• Гази Баба – 145
• Центар – 130
• Карпош – 136
• Сарај – 78
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 64
• Шуто Оризари – 117
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 23
• Зелениково- 7
• Странец – 4
• Нераспределен- 5