Француски „Алстом“ доби зелено светло од ЕК да го купи канадски „Бомбардие транспорт“


Европската комисија соопшти дека дале условно одобрување на францускиот гигант „Алстом“ да го купи канадскиот производител на возови „Бомбардие транспорт“.

– Ќе се појави посилен комбиниран ентитет „Алстом“ и „Бомбардие“, изјави комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрет Вестагер.

Потегот на Алстом е преземен по неуспехот од спојувањето со германски Сименс. Бомбардие Транспорт е железничка филијала на канадската група. Сумата што Алстом ќе ја плати за канадската фирма е 6,2 милијарди евра.