Во Словачка прв смртен случај од Ковид-19 од мај


Во Словачка во последните 24 часа е регистриран првиот нов смртен случај од Ковид-19 по 15 мај, а заразени се уште 27 лица.

Од почетокот на пандемијата, коронавирусот во Словачка е потврден кај 2.292 лица, од кои 29 пациенти ја изгубиле битката со болеста.

Во моментов во болниците има 15 лица за кои е потврдено дека имаат Ковид-19 и уште 16 кај кои тоа не е случај, при што двајца пациенти се сместени на одделенија за интензивна нега.

Во моментов има 568 активни случаи на заразата.