Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани нови 67 случаи со корона вирус, со што бројот на активни случаи се искачи на 727, а едно лице почина.
Како што пренесе Index.hr, 125 пациенти се во болница, а шест на респиратор.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска заболеа 5.139 луѓе, од кои 145 починаа, а 4.267 оздравеа.
До денека вкупно се тестирани 118.955 примероци.