Повеќе од 900 здравствени работници починаа во САД од Ковид-19


Повеќе од 900 здравствени работници во САД починаа од „Ковид-19“, според базата на податоци „Lost on Frontline“, направена од „Гардијан“ и „Kaiser Health News“. Преку извештаите, социјалните мрежи, локалните медиуми и синдикатите, тим од повеќе од 50 новинари идентификуваа 922 медицински работници кои починале од „Ковид-19“. Новинарите ги проверуваа и испитуваа околностите на нивната смрт, …

Повеќе од 900 здравствени работници починаа во САД од Ковид-19 Read More »

Русија ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот. – Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот, рече Путин на средбата со членовите на Владата. Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот.

Рибар се удави во Вардар кај Миравци


Рибар од гевгелиското село Миравци се удавил вчера во водите на Вардар, соопшти МВР. В.Ѓ.(56) паднал и потонал во Вардар додека со В.М. (19) исто така од Миравци, поставувале рибарски мрежи кај местото викано „Три тополи“. Телото на рибарот било понајдено и извлечено од реката синоќа во 19:15 часот. Од страна на лекар од Итната …

Рибар се удави во Вардар кај Миравци Read More »

И денес без одлука за наставата во училиштата, се одложи состанокот


Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложен за утре, потврди за МИА в.д. директорот на Центарот за јавно здравје и член …

И денес без одлука за наставата во училиштата, се одложи состанокот Read More »

Пандемијата и натаму носи ризици за економијата


Последните макроекономски показатели укажуваат на силни ефекти на пандемијата на КОВИД-19 врз глобалната и домашната економија. Иако економските основи на среден рок се оценуваат како здрави, сепак, амбиентот во кој се спроведува монетарната политика е променлив, со исклучително висока неизвесност, оценува Народната банка во августовскиот Квартален извештај. Во однос на изворите на ризици, тие и …

Пандемијата и натаму носи ризици за економијата Read More »

АНСА: Зголемен прилив на мигранти низ балканската мигрантска рута


Последните информации за бројот на откриени мигранти и за инциденти во земјите од Балканот, укажуваат на зголемување на мигрантскиот прилив низ т.н. балканската рута и покрај кризата со КОВИД-19, оценува италијанската агенција АНСА. – Земјите во регионот бележат значително зголемување на приливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Централна Азија. Овој феномен предизвикува …

АНСА: Зголемен прилив на мигранти низ балканската мигрантска рута Read More »

Филипче: На летот за Финска имало само двајца патници со македонски пасош


На летот за Финска во саботата во кој од вкупно 157 патници, 24 биле позитивни на корона вирус, имало само двајца патници со македонски пасош, објави на Фејсбук Министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот пост го пренесуваме во целост: „Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти …

Филипче: На летот за Финска имало само двајца патници со македонски пасош Read More »

Македонски државјанин тешко повреден во сообраќајка во Албанија


Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз. Од се уште непознати причини Т.К.(44) кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, изгубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот. Возилото се движело од Саранда …

Македонски државјанин тешко повреден во сообраќајка во Албанија Read More »

Шумското производство помало за пет отсто


Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното …

Шумското производство помало за пет отсто Read More »

(Видео) Пукање кај Белата куќа – Трамп евакуиран


  Тајната служба ја прекинаа конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го изведоа од собата за брифинзи, а новинарите можале да ја напуштат собата, откако се слушнало пукање во близина на Белата куќа. „Дојде до пукање пред Белата куќа“, рече Трамп, заблагодарувајќи се на брзата реакција на тајната служба, пренесе Си-ен-ен. „Се чувствувам многу …

(Видео) Пукање кај Белата куќа – Трамп евакуиран Read More »

Во последните 24 часа повеќе од 253.000 новозаразени со коронавирусот во светот


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа се пријавени повеќе од 253.000 нови случаи на зараза, објави Светската здравствена организација. Во изминатите 24 часа од Ковид–19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи надмина 728.000. На прво место по бројот на заразени и починати се САД, а на второто …

Во последните 24 часа повеќе од 253.000 новозаразени со коронавирусот во светот Read More »

Ќе се обезбедат 75 локации за еколошко фрлање на заштитните маски и ракавици


Центарот за еколошка демократија „ФЛОРОЗОН“ и ЈП Комунална хигиена заеднички ќе го реализираат проектот „Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“, финансиски поддржан преку Oдделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија. Целта на Проектот е да придонесе во борбата против …

Ќе се обезбедат 75 локации за еколошко фрлање на заштитните маски и ракавици Read More »

Лидерите на Либан во јули биле предупредени за опасниот експлозив


  БЕЈРУТ – Либанските безбедносни претставници ги предупредиле премиерот и претседателот минатиот месец дека 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето во Бејрут, претставуваат безбедносен ризик и може да го уништат главниот град ако експлодираат, покажуваат документите што ги виде Ројтерс и високи безбедносни извори. Нешто повеќе од две недели подоцна, индустриските хемикалии експлодираа во …

Лидерите на Либан во јули биле предупредени за опасниот експлозив Read More »

Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите


Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, поради извештаите дека полицијата застрелала еден човек. Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација …

Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите Read More »

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на владата


Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“. Предлогот да се покани шкотската премиерка на седницата на британската Влада го даде генералниот секретар на Владата, Мајкл Гов, со цел да се намали растечката поддршка на шкотската јавност за идејата за шкотска независност, но и да ѝ се …

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на владата Read More »

Во Шведска забрзан пад на заразени во јули, епидемиолозите не знаат точно зошто


Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот. – Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“. Тој додаде дека …

Во Шведска забрзан пад на заразени во јули, епидемиолозите не знаат точно зошто Read More »

Италија и Франција го намалуваат производството на вино заради помалата побарувачка


Водечките италијански и француски винари сакаат да го намалат производството на врвните вина, откако пандемијата со коронавирус ги испразни хотелите и баровите и визбите ги остави полни со милиони непродадени шишиња. Во Италија, домашната побарувачка за вино се очекува да падне за речиси една третина откако хотелите, рестораните и винските барови беа затворени со месеци …

Италија и Франција го намалуваат производството на вино заради помалата побарувачка Read More »

Во БиХ најмалку 32.000 луѓе останале без работа


БиХ – Најмалку 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина се отпуштени од работа од почетокот на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади повеќе кои сè уште имаат работа, пренесува дневник.ба. Според збирните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23 илјади работници биле отпуштени во Федерацијата БиХ од …

Во БиХ најмалку 32.000 луѓе останале без работа Read More »

Здравствената агенција на ЕУ повикува на нови мерки против Ковид-19


Шведска– Здравствената агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји. Агенцијата со седиште во Стокхолм наведе дека пандемијата на Ковид-19 сè уште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува …

Здравствената агенција на ЕУ повикува на нови мерки против Ковид-19 Read More »

Разводот со Бред Пит не е завршен: Џоли бара фер судење


САД (АП) – Анџелина Џоли побара приватниот судија кој го надгледува нејзиниот развод од Бред Пит да биде дисквалификуван од случајот, поради деловни односи со еден од адвокатите на Пит. Таа поднесе барање за развод во 2016 година. Пит и Џоли, како и други славни двојки , плаќаат за приватен судија во случај на развод, …

Разводот со Бред Пит не е завршен: Џоли бара фер судење Read More »