Ќе се обезбедат 75 локации за еколошко фрлање на заштитните маски и ракавици


Фото: Б. Грданоски

Центарот за еколошка демократија „ФЛОРОЗОН“ и ЈП Комунална хигиена заеднички ќе го реализираат проектот „Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“, финансиски поддржан преку Oдделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Целта на Проектот е да придонесе во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19, преку соодветно одлагање на отпадот од заштитна опрема – маски и ракавици, како и ублажување на последиците од пандемијата врз граѓаните, со посебен акцент на најранливите општествени групи.

Во рамките на овој Проект, на 75 локации на територијата на РСМ ќе бидат поставени специјални садови за одлагање отпад од заштитна опрема – маски и ракавици.