Бројот на депортирани од Германија зголемен за 2019 година


Германија– Германските власти издадоа 11.081 наредби за депортација во 2019 година, што е нагло зголемување во споредба со 2018 година, кога беа издадени 7.408 такви наредби. Ова го соопшти владиниот претставник како одговор на пратеничко прашање, јави ДПА. Налозите за депортација најчесто се издавале за Украинци – 1.252, а потоа следат Албанци – 1.220 и …

Бројот на депортирани од Германија зголемен за 2019 година Read More »

Џафери добил внук, одложена конститутивната седница на Собранието


Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата …

Џафери добил внук, одложена конститутивната седница на Собранието Read More »

Штетата од експлозијата во Бејрут е над 15 милијарди долари


Либан –   Штетата предизвикана од катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут е над 15 милијарди долари. Тоа го соопшти либанскиот претседател Мишел Аун. – Прелиминарните проценки за материјалната штета по експлозијата во пристаништето се над 15 милијарди американски долари, изјави претседателот вчера во телефонскиот разговор со шпанскиот крал Фелипе Шести. Либанските обвинители ќе почнат со сослушување …

Штетата од експлозијата во Бејрут е над 15 милијарди долари Read More »

Трамп сака да го смени секретарот за одбрана Еспер


САД –  Американскиот претседател Доналд Трамп во приватни разговори со свои советници разговарал за можноста за отстранување на Марк Еспер од функцијата секретар за одбрана по изборите во ноември. Причината за тоа се многуте разлики меѓу нив двајца, наведуваат американски медиуми, повикувајќи се на информиран извор. Трамп беше загрижен дека Еспер е против распоредување војници за …

Трамп сака да го смени секретарот за одбрана Еспер Read More »

Села, Гаши и Касами не одат на лидерска кај Ахмети


Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши нема да одат на средбата на челниците на партиите од албанскиот политички блок што денеска напладне ја организира претседателот на ДУИ Али Ахмети. На средбата нема да оди ниту лидерот на Беса Билал Касами. Ахмети ја планираше заедничката средба за денеска на годишнината …

Села, Гаши и Касами не одат на лидерска кај Ахмети Read More »

Во САД над 165 илјади смртни случаи од Ковид-19


САД– Во САД Се регистрирани најмалку 5.171.343 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус, а најмалку 165.328 лица починале како резултат на таа инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Вкупниот број заразени и смртни случаи вклучува од сите 50 сојузни држави, округот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на враќање во …

Во САД над 165 илјади смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Како во Србија од 1 септември ќе изгледа образовниот процес во услови на епидемија


Србија – Во Србија од 1 септември, најмладите од основно училиште ќе одат на училиште, додека за оние од петто одделение, часовите ќе бидат комбинација на доаѓање на училиште и следење на часовите преку јавниот сервис, сопштено е вчера во Белград по средбата меѓу претставниците на владиниот кризен штаб за справување со коронавирусот и Министерството …

Како во Србија од 1 септември ќе изгледа образовниот процес во услови на епидемија Read More »

Деветнаесет години Охридски рамковен договор


Пред деветнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно …

Деветнаесет години Охридски рамковен договор Read More »

Заев кај Пендаровски точно напладне во Вила Водно


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Претседавачот на Собранието, пак, Талат Џафери најави продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на Законодавниот дом. Во текот на денот треба да се одржи и заеднички состанок на лидерите на партиите …

Заев кај Пендаровски точно напладне во Вила Водно Read More »

Комисијата за заразни болести и Владата треба да одлучат како ќе се одвива учебната година


Комисијата за заразни болести, како што најави вчера министерот за здравство Венко Филипче, треба да има завршен состанок, по што би требало да биде закажана седница на Влада, на која ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се одвива новата учебна година. -Апсолутно Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по …

Комисијата за заразни болести и Владата треба да одлучат како ќе се одвива учебната година Read More »

Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување


Нови 139 случаи со Ковид-19 од 1.627 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Оздравени се вкупно 239 лица. Почина еден пациент од Охрид, на 66-годишна возраст, во болнички услови. Од новите 139 случаи со Ковид-19, најмногу има во Скопје – 30, Куманово – 20, Гостивар -19, Штип …

Бројот на новозаразени и натаму трицифрен, иако има тренд на намалување Read More »

Помпео во посета на Словенија, потпишува изјава за 5G мрежата


Словенија – Американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе престојува денеска во кратка посета на Словенија, за време на која ќе биде потпишана заедничка изјава за безбедносните прашања поврзани со мрежата 5G. Помпео вчера беше во Чешка, прва станица на европска турнеја со голема агенда, вклучително и улогата на Кина во градењето на 5G мрежа, а по …

Помпео во посета на Словенија, потпишува изјава за 5G мрежата Read More »

Сончево и топло до 36 степени, попладне можен дожд


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8 …

Сончево и топло до 36 степени, попладне можен дожд Read More »

Две компании објавија дека имаат делотворен лек за тешко болните од Ковид-19


  Компаниите „Relief Therapeutics“ и „NeuroRx“ објавија дека нивниот лек RLF-100 (авиптадил) покажува позитивни резултати кај пациенти заболени од корона вирус, со тешка клиничка слика. Директорот на компанијата „Relief Therapeutics“ рече дека е оптимистичен кога е во прашање лекој за пациенти со корона вирус. Во прашање е RLF-100, односно авиптадил, а се надеваат дека во …

Две компании објавија дека имаат делотворен лек за тешко болните од Ковид-19 Read More »

Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка


Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вечерва демантираше дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка непосредно пред Народната банка да и ја одземе дозволата за работа на банката за што претходно во денот за такво нешто беше обвинета од ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија тврдеа дека Ангеловска кога дојде на позицијата министер за финансии во својот Анкетен …

Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка Read More »

Во Белорусија уапсени најмалку 6.000 лица, ЕУ подготвува санкции


Опозициските лидери се или уапсени и принудени да ја напуштат земјата со разни закани. Во Брест полицијата пукала со жива муниција   Властите во Белорусија соопштија дека уапсиле повеќе од 6.000 луѓе за време на три ноќи насилно задушени демонстрации против наместеното гласање на претседателските избори во неделата. Опозициските лидери се затворени и истерани од …

Во Белорусија уапсени најмалку 6.000 лица, ЕУ подготвува санкции Read More »

Најмалку 800 луѓе умреа поради дезинформации за корона вирусот


  Најмлаку 800 луѓе починале ширум светот поради дезинформации поврзани со корона вирусот во првите три месеци од годинава, тврдат научници. Според студија објавена во американски магазин за торпска медицина и хигиена, околу 5.800 луше се примени во болница како резултат на лажни информации на социјалните мрежи. Би-би-си пренесува дека многумина умрени пиеле метанол или …

Најмалку 800 луѓе умреа поради дезинформации за корона вирусот Read More »

Револуција во најава: Претворија цигла во батерија


  Во ѕидовите од куќите може да се чува струја, откако беше прикажана новата технологија која циглата ја претвора во батерија. Научниците успеаја циглата да ја претворат во батерија така што ги искористија минијатурните шуплини во неа и ги исполнија со нановлакна кои може да складираат струја, пишува британски „Гардијан“. Една цигла преработена на тој …

Револуција во најава: Претворија цигла во батерија Read More »

МТСП: Децата на самохраните родители и на двајца вработени ќе се згрижуваат во градинките


Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство е одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка. – Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран родител …

МТСП: Децата на самохраните родители и на двајца вработени ќе се згрижуваат во градинките Read More »

Во Грција регистрирани рекордни 262 случаи на Ковид-19


– Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција од ден на ден се зголемува, за денеска да достигне до рекордни 262 новозаболени, додека пак починаа уште две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, 22 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а 36 се во Дом за стари …

Во Грција регистрирани рекордни 262 случаи на Ковид-19 Read More »