Најмалку 800 луѓе умреа поради дезинформации за корона вирусот


 

Најмлаку 800 луѓе починале ширум светот поради дезинформации поврзани со корона вирусот во првите три месеци од годинава, тврдат научници.

Според студија објавена во американски магазин за торпска медицина и хигиена, околу 5.800 луше се примени во болница како резултат на лажни информации на социјалните мрежи.

Би-би-си пренесува дека многумина умрени пиеле метанол или средства за чистење на база на алкохол. погрешно верувале дека тие производи се лек за вирусот.

СЗО соопшти дека „инфодемијата“ околу Ковид-19 се шири еднакви брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласините и културната стигма придонесуваат за смрт и повреди.

Многу држави следеа совети кои потсетуваат на веродостојни медицински информации – како јадење големи количини лук или голтање големи количини витамини – како начин за спречување на инфекцијата, велат авторите на студијата.

Други пак, пиеја супстанции како кравја урина. Сите овие акции имаа „потенцијално сериозни последици“ на нивното здравје, велат научниците, а некои платија и со живот.