Две компании објавија дека имаат делотворен лек за тешко болните од Ковид-19


 

Компаниите „Relief Therapeutics“ и „NeuroRx“ објавија дека нивниот лек RLF-100 (авиптадил) покажува позитивни резултати кај пациенти заболени од корона вирус, со тешка клиничка слика.

Директорот на компанијата „Relief Therapeutics“ рече дека е оптимистичен кога е во прашање лекој за пациенти со корона вирус. Во прашање е RLF-100, односно авиптадил, а се надеваат дека во следните неколку месеци ќе добијат одобрение за луекување со овој лек.

Оваа швајцарска група ги поседува правата на лекот во САД и во Европа, а незјиниот американски партнер „NeuroRx“ во таа држава ги спроведува клиничките испитувања на лекот на заразени со корона вирус кои се тешко болни.

Американската управа за храна и лекови порано го одобри авиптадилот за итно лечење на тешко болни пациенти заболени од Ковид-19 иако не се дел од клиничкото испитување кое го спроведува „NeuroRx“.

Овие две комапнии со заедничко соопштение објавија дека лекарите го завршиле својот прв извештај за оздравувањето на пациенти кои го користеле леко RLF-100.

Во извештајот се наведува дека 54-годишен пациент, заболен од корона вирус, по четири дена третман со лекот бил симнат од механичко дишење. Слични резултати подоцна пријавиле и кај повеќе од 15 пациенти лекарите од болницата во Хјустон кои ги лечеле овие пациенти.

Во сооптението се тврди дека независни истражувачи од Бразил известиле за тоа дека авиптадил успешно ја блокира репликацијата на корона вирусот во човечките клетки на белите дробови и во имунолошкиот систем.