Џафери добил внук, одложена конститутивната седница на Собранието


Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата ќе информираат.

На својот фејсбук – профил тој синоќа објави дека добил внук од ќерка.

– Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, пишува Џафери на ФБ.

Честитки за внукот доби од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска напладне треба да го добие мандатот за составување Влада од шефот на државата Стево Пендаровски.