Во САД над 165 илјади смртни случаи од Ковид-19

Милиони Американци ќе бидат заразени со Ковид-19, а бројот на смртни случаи може достигне меѓу 100.000 и 200.000 луѓе, изјави инфектологот Антони Фаучи, советник на американскиот претседател Доналд Трамп

САД– Во САД Се регистрирани најмалку 5.171.343 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус, а најмалку 165.328 лица починале како резултат на таа инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Вкупниот број заразени и смртни случаи вклучува од сите 50 сојузни држави, округот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на враќање во земјата.

Бројките за вчерашниот ден се – 1.485 смртни случаи што е највисока бројка од 15 мај кога во САД беа пријавени 1.507 смртни случаи.

Во Џорџија се пријавени 109 смртни случаи вчера – тоа трет ден по ред троцифрена бројка. Во Северна Каролина има 45 смртни случаи вчера – највисока бројка за 24 часа.