Поради пандемијата се повеќе деца се неухранети


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека уште 10.000 деца месечно може да починат од неухранетост оваа година како резултат на влијанието на пандемијата на Ковид-19. Говорејќи на Конференцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), Тедрос рече дека оваа година очекува пораст од 14 проценти на децата кои …

Поради пандемијата се повеќе деца се неухранети Read More »

Утре почнува грејната сезона – радијаторите топли од 6 часот


Од утре започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопшти денеска компанијата. За домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, од 15 октомври 2020 година ќе започне регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој …

Утре почнува грејната сезона – радијаторите топли од 6 часот Read More »

Белгија стравува дека до средината на ноември ќе нема места на интензивна нега


Белгиските здравствени власти почнаа и официјално да предупредуваат за втор бран од Ковид-19 во земјата, и наведуваат дека доколку не се намалат итно бројките одделите за интензивна нега ќе бидат сатурирани за еден месец, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролот на Кризниот штаб, Ив Ван Латем, на денешната прес конференција порача дека зголемувањето на …

Белгија стравува дека до средината на ноември ќе нема места на интензивна нега Read More »

Пауновски: Немаме доволно инспектори, денеска Министерството за финансии го одби барањето за 20 вработувања


Немаме доволно инпектори меѓутоа максимално со она што се располага, инспекторите се искористени. Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги  користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена, денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), …

Пауновски: Немаме доволно инспектори, денеска Министерството за финансии го одби барањето за 20 вработувања Read More »

Мираковска: Очекувам наскоро да се пополнат испразнетите амбасадорски места


Пратеничката Соња Мираковска очекува собраниската Комисија за надворешна политика набрзо да ги сослуша сите кандидати за амбасадори и земјава наскоро да испрати амбасадори во сите земји каде што се испразнети местата. -Верувам дека тоа многу брзо ќе се направи затоа што во текот на наредната недела треба да завршиме со сите 16 амбасадори.Ни остануваат пола, …

Мираковска: Очекувам наскоро да се пополнат испразнетите амбасадорски места Read More »

(Видео) Грција бесплатно ќе го чува небото над Македонија


Додека македонското небо ги чека грчките авиони да ја преземат редовната контрола, НАТО организираше виртуелна тура за медиумите во базите во Словенија , Унгарија, Италија и во главната команда за контролата на небото на Алијансата во Рамстејн, Германија. Станува збор за исклучиво одбранбена активност 24/7 која треба да не заштити од неконтролирани летови  во нашиот …

(Видео) Грција бесплатно ќе го чува небото над Македонија Read More »

Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата


Под влијание на влажен бран утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Како што најавува УХМР, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, над 30 литри на метар квадратен. Врнежите ќе продолжат и во петок …

Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата Read More »

Во ексЈУ беше прекрасно да се снима филм: „Златен објектив“ за Зорка Тодорова Младеновиќ и Коле Ангеловски


Двајца доајени, комплексни автори, личности кои целиот свој живот го посветија на уметноста, ја задолжија македонската кинематографија и оставија траен белег во нашата култура – костимографот Зорка Тодорова Младеновиќ и актерот Коле Ангеловски денеска ги добија наградите „Златен објектив“ за 2020 година од Кинотеката на С. Македонија. Пригодните плакети и значки на лауреатите им ги …

Во ексЈУ беше прекрасно да се снима филм: „Златен објектив“ за Зорка Тодорова Младеновиќ и Коле Ангеловски Read More »

Поддршката за независност на Шкотска на највисоко историско ниво


Според новата анкета, поддршката за независноста на Шкотска е на највисоко ниво досега. Анкетата, спроведена од „Ипсос МОРИ, открива дека 58 проценти од луѓето во Шкотска кои се изјасниле би гласале „Да“, а 42 проценти рекле дека ќе гласаат „Не“. Кога оние кои се неодлучни се исклучени од вкупниот број, доаѓа 55 проценти за „Да“ …

Поддршката за независност на Шкотска на највисоко историско ниво Read More »

Заев и Битиќи до оштетените штедачи од „Еуростандард банка“: Законски до обесштетување


Премиерот Зоран Заев, придружуван од  вицепремиерот Фатмир Битиќи, се сретна со претставниците на Здружението на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“. На средбата претставниците на оштетените штедачи ги предочија проблемите со коишто се соочуваат физичките и правните лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и понудија предлози за можни решенија. Премиерот Заев ги сослуша нивните барања и …

Заев и Битиќи до оштетените штедачи од „Еуростандард банка“: Законски до обесштетување Read More »

Рекорд и во БиХ: На корона вирус позитивни 482 лица


  Во последното деноноќие во Босна и Херцеговина потврдени се 482 позитивни на корона вирус, а починаа 11 пациенти. Во Федерацијата новозаразени се 335 луѓе, од 1.839 тестирани. Дисега вкупно тестирани се 175.570а позитивни биле 20.588 лица. Излечени се 16.591, а активни 3.388. Пријавени се осум смртни случаи или вкупно 609. Во Република Српска има …

Рекорд и во БиХ: На корона вирус позитивни 482 лица Read More »

Драматичен пораст на заразени во Србија – денеска 245


  Во последните 24 часа во Србија забележани се 245 новозаразени со корона вирус. Тестирани се 6.428 примероци. Почина едно лице. Во болница се 80 пациетни, што е најголем број од 2 септември. На респиратори се 22 пациенти.

Германскиот весник ФАЦ за уцените од Бугарија: Не сте тоа што мислите дека сте


Зошто Бугарија сака да ги спречи преговорите, прашува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ и во текст со наслов „Не сте тоа што мислите дека сте“ ги анализира проблемите на релација Софија-Скопје. Дојче веле го пренесува текстот во целост   „Во март земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за почеток на преговори за приклучување со Албанија и Северна …

Германскиот весник ФАЦ за уцените од Бугарија: Не сте тоа што мислите дека сте Read More »

Август ги врати домашните туристи – раст од 8,9 отсто во однос на лани, странски „ни за лек“


Туризмот во август годинава бележи пораст кај домашните туристи за 8,9 отсто, при што намалувањето на бројот на странските туристи во овој меец изнесува 92,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2020 година изнесувал 133.704, а бројот на ноќевањата 684.719. Бројот на туристите …

Август ги врати домашните туристи – раст од 8,9 отсто во однос на лани, странски „ни за лек“ Read More »

Пандемијата предизвика драстичен пад на емисиите на штетни гасови


Поради рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19  забележан е најголем пад на емисиите на штетни гасови, кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, во првата половина од годината, соопштија научниците од пекиншкиот Универзитет Цинхуа. Тие тврдат дека е забележан многу поголем пад на мисиите на штетни гасови од времето за финансиската криза во 2008 година, …

Пандемијата предизвика драстичен пад на емисиите на штетни гасови Read More »

За 200 професионални војници пријавени 1.800 кандидати


На распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800 кандидати, тоа покажува, потенцира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, дека Армијата ќе се подмладува и може да се подмладува само се вложува во повисоки плати, во подобра опрема, во подобар имиџ и во подобри шанси за сите оние кои работат во Армијата. Според …

За 200 професионални војници пријавени 1.800 кандидати Read More »

Отворена фабрика за медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра


Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска отвори производствен капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра. Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско-физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани …

Отворена фабрика за медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра Read More »

Што се случува во Словенија: Заразен е секој 150. Словенец


Инциденцата во периодот од 14 дена е висока, се искачи на 202,75. На болниците им недостасува обичен кадар, се повикуваат специјализантите, празни кревети на одделенијата за интензивна нега забрзано снемува. Во Словенија само три лаборатории прават тестови за Ковид-19   „Ситуацијата станува сѐ посериозна. Вирусот се шири многу побрзо. Епидемиолошките истражувања сè уште траат. Досега …

Што се случува во Словенија: Заразен е секој 150. Словенец Read More »

Шилегов: Во моментов се работи на две улици, метежот е надминат


  Во моментов се работи на две улици, тоа е улицата за влез во Скопје „Александар Македонски“ и „8 Септември“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, при денешното отворање на стационарот „Лајка“, прашан за метежот во сообраќајот во главниот град, кој се створи заради паралелна реконструкција на неколку коловози околу центарот. – Другите улици викендов …

Шилегов: Во моментов се работи на две улици, метежот е надминат Read More »

Димитров: На вистината и на проблемите мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците


Само преку искрен пристап кон отворените прашања и преку отворена комуникација со сите чинители во спроведување на ИПА може да ги придвижиме работите. На вистината и на проблемите  мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на заседанието на Заедничкиот мониторинг комитет, највисоко тело …

Димитров: На вистината и на проблемите мора да им погледнеме во очи за да ги надминеме предизвиците Read More »