Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на влажен бран утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Како што најавува УХМР, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, над 30 литри на метар квадратен.

Врнежите ќе продолжат и во петок кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Температурите утре ќе се движат од минимални четири степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.