Пауновски: Немаме доволно инспектори, денеска Министерството за финансии го одби барањето за 20 вработувања


Немаме доволно инпектори меѓутоа максимално со она што се располага, инспекторите се искористени. Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги  користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена, денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ),  истакна денеска на прес-конференција во Владата директорот на ДПИ Стојко Пауновски на која претседателката на Инспекцискит совет Магдалена Филиповска-Грашкоска информираше за активностите на инспекторите за периодот од 5 до 11 октомври.

Директорот на ДПИ рече дека до крајот на годината се очекува 37 инспектори да заминат во пензија, а дека новите примени од пред година-две сеуште се на обука пред да излезат на терен.

Прашан за изречените пријави од страна на пазарниот инспекторат, од 5 до 11 октомври, Пауновски рече дека  тие се однесуваат на новите протоколи изнесени од Комисијата за заразни болести, а тоа се за четоворица на маса и другите дополнителни одлуки кои се донесени.

-Кривични пријави од овој викенд се однесуваат на организирање на свадби, и непочитување на протоколите од последната одлука на зцдравстевената комисија.  Ниту едно решение или кривична пријава изречена од инспекторите не е направена постфестум  и врз основа на дојава. Дојавите се користат само да се упатат инспекторите на правото место, истакна Пауновски.

Директорот на ДПИ се заблагодари на сите совесни граѓани и новинари во државава кои ги пријавуваат неправилностите.

Во однос на казината во државава, Пауновски рече дека се направени контроли кога тие добија дозвола да работат и биле почитувани сите протоколи, освен во однос на пушењето.