Светски ден на одржување хигиена на рацете: Задолжително да се мијат често


Подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции, е пораката на Светскиот ден на одржување хигиена на рацете, што се одбележува денеска под мотото „Хигиена на рацете за сите“. Овој …

Светски ден на одржување хигиена на рацете: Задолжително да се мијат често Read More »

Убаво е чувството кога со европски фондови се заштитува културното наследство, вели Заев на ФБ


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил ја поздрави реализацијата на прекуграничен проект кој вклучува реконструкција на старо училиште во Пустец во туристички музеј и реконструкција на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола. – Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на културното наследство е …

Убаво е чувството кога со европски фондови се заштитува културното наследство, вели Заев на ФБ Read More »

Првата дама Ѓоргиевска: Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра


Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра, а со нивното создавање и споделување секој од нас го креира својот сопствен свет,  го дообликува својот животен пат во зависност  од раскажувачката матрица на приказната. Ова го истакна сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска синоќа во обраќањето на отворањето на второто издание на Меѓународниот …

Првата дама Ѓоргиевска: Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра Read More »

Ни казните не помагаат, во еден ден 467 возачи направиле прекршоци во Скопје


МВР во текот на вчерашниот ден (14. октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје, сообраќајната полиција изречекла вкупно 467 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 60 лица, 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 …

Ни казните не помагаат, во еден ден 467 возачи направиле прекршоци во Скопје Read More »

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ


Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ќе може да ја посетат втората поставка на изложбата „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција. Новата поставка на изложбата “Скопје, одново”, обработи нови аспекти и автори од колекцијата, вклучувајќи дела на …

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ Read More »

Рекорден број заразени и во Бугарија


  Во Бугарија, во изминатите 24 часа, регистрирани се 819 случаи со корона вирус, од тестирани 5.898 граѓани. Ова е прв пат бројот да надмине 800 во Бугарија. Вкупниот број заразени се искачи на 26.593, покажуваат податоците објавени денеска на страницата coronavirus.bg. Активни се 9.175 случаи на инфекција, а стапката на позитивност е 13,88, наведува …

Рекорден број заразени и во Бугарија Read More »

Шанел најследен на Истанграм, Париз најозборуван град, вели Хеуритех


Франција– Шанел привлече најголемо внимание на Инстаграм за време на модниот месец, според студијата на Хеуритек. Технолошката компанија користеше вештачка интелигенција за да анализира 60.000 објави на Инстаграм помеѓу 12 септември и 6 октомври за својот извештај за сезоната пролет 2021 година, опфаќајќи ги Њујорк, Лондон, Милано и Париз. Според студијата, Шанел собрал 9,6 проценти …

Шанел најследен на Истанграм, Париз најозборуван град, вели Хеуритех Read More »

Во Софија јавна расправа за преименување на 24 мај во Ден на бугарската писменост


Пратениците од бугарската Комисија за образование и наука денеска ќе одражат јавна расправа за предлогот за преименување на 24 мај од Ден на словенската писменост во Ден на бугарската писменост. Амандманот во Законот за работни односи е поднесен од група пратеници и веќе беше одобрен на првото гласање. На дискусијата ќе учествуваат бугарските министри за …

Во Софија јавна расправа за преименување на 24 мај во Ден на бугарската писменост Read More »

Берош: Можни се и по 1000 новозаразени дневно во Хрватска


Хрватска– Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ја опиша состојбата со коронавирусот во Хрватска како загрижувачка, откако вчера  беа пријавени рекордни 748 новоинфицирани лица и предупреди дека ќе има уште повеќе. – Ситуацијата е загрижувачка, но не е изненадувачка. Околностите во изминатиот месец, како и околностите во Европа и светот, укажуваат на тоа дека бројот …

Берош: Можни се и по 1000 новозаразени дневно во Хрватска Read More »

Германија со апсолутен рекорд: Поблиску сме до заклучување отколку што веруваме


  Во последните 24 часа Германија пријави 6.638 новозаразени со корона вирус, што е највисок дневен пораст од март, кога беа регистрирани 6.294 случаи. Поради порастот на заболените од корона вирус, во Германија во средата беше одржан состанок на канцеларката Ангела Меркел и првите луѓе на покраините на кој се зборуваше за заострување на мерките …

Германија со апсолутен рекорд: Поблиску сме до заклучување отколку што веруваме Read More »

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост


За борба против ширењето на коронавирусот, на сите им се препорачува да избегнуваат физички контакти, така што луѓето ширум светот постепено се навикнаа на еден од главните несакани ефекти на социјалното дистанцирање – осаменоста. Научниците сега стравуваат дека присилната изолација раѓа нов вид епидемија, бидејќи многу луѓе кои се принудени на осаменост сега се повеќе …

Пандемијата предизвикува епидемија на осаменост Read More »

СЗО: Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година за вакцинација од Ковид-19


Швајцарија–  Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, изјави дека е мала веројатноста за брза и масовна вакцинација против новиот коронавирус. Таа рече дека мнозинството се согласува дека прво треба да се вакцинираат здравствените работници, но дури и со нив треба да се утврди кој е со најголем ризик, а потоа на ред …

СЗО: Здрава млада личност можеби ќе мора да почека до 2022 година за вакцинација од Ковид-19 Read More »

Чешка со повеќе од 9.500 новозаболени дневно


  Чешка пријави 9.544 нови случаи со Ковид-19, што е најголем еднодневен пораст од почетокот на епидемијата, покажаа денеска податоците на Министерството за здравство. Вкупниот број случаи откриени од избивањето на епидемијата во март, речиси двојно се зголеми само во октомври, на 139.290, затоа што земјата од 10,7 милиони луше се соочува со најголем пораст …

Чешка со повеќе од 9.500 новозаболени дневно Read More »

Студија: Климатските промени веќе го трансформираат Нов Зеланд


Нов Зеланд- Климатските промени веќе се чувствуваат на Нов Зеланд и ја трансформираат земјата, се наведува во новиот извештај на владините експерти, пренесува ДПА. Извештајот вклучува анализа на податоци за температурата од 30 точки, според кои климата во земјата се затоплува. Мерењата направени помеѓу 1972 и 2019 година покажуваат зголемување на просечната годишна температура на 28 …

Студија: Климатските промени веќе го трансформираат Нов Зеланд Read More »

Данас: Путин не доаѓа во октомври во Белград


Србија-Рускиот претседател Владимир Путин нема да го посети Белград во октомври, како што најави српскиот претседател Александар Вучиќ во неколку наврати во последните месеци, дознава неофицијално весникот Данас од претставници на дипломатските кругови. Изворите на Данас тврдат дека Кремљ не открива зошто Путин се предомислил и се откажал од планираното патување, но посочуваат дека „на …

Данас: Путин не доаѓа во октомври во Белград Read More »

Заострени мерки во Словенија по влошената епидемилошка состојба


Словенија – Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека во Словенија од денеска ќе стапат во сила заострени мерки против ширење на коронавирусот, кои вклучуваат учење на далечина, забрана за движење меѓу регионите, ограничувања на собири и задолжително носење маски на отворено во регионите кои се на „црвената листа“. Од 12 региони – седум се на „црвената …

Заострени мерки во Словенија по влошената епидемилошка состојба Read More »

За само еден месец во Истанбул заразени над 50 отсто повеќе од Ковид-19


Турција –  Истанбул е зафатен од нов бран на епидемија на новиот коронавирус. За само еден месец, бројот на случаи во тој турски град е зголемен за околу 50 проценти, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Во септември, епидемијата достигна нов пик во главниот град Анкара, но од почетокот на октомври, бројот на заразени почна …

За само еден месец во Истанбул заразени над 50 отсто повеќе од Ковид-19 Read More »

Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии


Доаѓа момент, узурпираните институции, кои системски беа уништувани со години, сега да влезат во еден процес на реорганизација на трансформација и на целосен сервис кон граѓаните, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во емисијата „Економски магазин“, на телевизијата АлсатМ. Николовски посочи дека преку неговата …

Николовски: Борбата против корупцијата е врвен приоритет, ќе се кратат дискрециони права, бенефиции и привилегии Read More »

Бајден и демократите собраа рекордни 383 милиони долари во септември за изборната кампања


САД– Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден и неговата Демократска партија собраа рекордни 383 милиони долари за кампањата во Белата куќа. Кампањата сега има дури 432 милиони долари во готовина, според нејзиниот менаџер Џен О’Мали Дилан. Донациите за Бајден се зголемија откако тој обезбеди номинацијата на демократите. За време на првичните избори, поранешниот потпретседател …

Бајден и демократите собраа рекордни 383 милиони долари во септември за изборната кампања Read More »

Во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”


На неколку локации во Скопје деновиве се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”, кој е во македонско-хрватска копродукција а во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото е на Марко Чавка. Актерската екипа ја сочинуваат нашите актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата- …

Во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко” Read More »