Чешка со повеќе од 9.500 новозаболени дневно

 

Чешка пријави 9.544 нови случаи со Ковид-19, што е најголем еднодневен пораст од почетокот на епидемијата, покажаа денеска податоците на Министерството за здравство.

Вкупниот број случаи откриени од избивањето на епидемијата во март, речиси двојно се зголеми само во октомври, на 139.290, затоа што земјата од 10,7 милиони луше се соочува со најголем пораст на зараза на светот, пренесе Ројтерс.