Германија со апсолутен рекорд: Поблиску сме до заклучување отколку што веруваме

 

Во последните 24 часа Германија пријави 6.638 новозаразени со корона вирус, што е највисок дневен пораст од март, кога беа регистрирани 6.294 случаи.

Поради порастот на заболените од корона вирус, во Германија во средата беше одржан состанок на канцеларката Ангела Меркел и првите луѓе на покраините на кој се зборуваше за заострување на мерките за заштита.

Вкупно во Германија досега заболеле 341.223, покажаа податоците на Институтот „Роберт Кох“/

Бројот на починати се зголеми за 33 и изнесува 9.710.

Според европските стандарди, Германија имаше релативно ниска стапка на инфекции и смртност во текот на пандемијата, но новите дневни случаи скокнаа во последните недели, а Меркел предупреди дека може да имаат и по 19.000 случаи дневно ако продолжи вака/

На вчерашниот состанок Меркел и премиерите на 16 покраини се договорија за задолжително носење маска, како и затворање на баровите во областите каде се шири корона вирусот.

„Она што ќе го направиме следните денови и недели ќе биде одлучувачко за тоа како ќе поминеме низ пандемијата“, рече Меркел.

Додаде дека целта е да се зачува економијата, пренесе АП.

„Многу поблиску сме до заклучување отколку што сакаме да веруваме“, рече премиерот на Баварска, Маркус Зедер и предупреди дека не е 5 до 12, туку дека чеќе отчикал 12 часот.

Меркел ги повика младите да придонесат за сузбивање на епидемијата, откако е пткриено дека повеќе жаришта потекнуваат од журки и забави.

„Ги повикуваме младите да се откажат од неколку журки за утре или задутре да имаат добар живот“, рече Меркел.

Зедер вели: повеќе маски, помалку алкохол, помалку приватни забави.