Собранието не расправаше за Законот за заштита од заразни болести


Собранието на  Македонија, иако, претходно беше најавено на собранискиот сајт, не расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Во него требаше да бидат вметнати измени и дополнувања во контекст на владините мерки за заштита на населението од Ковид-19. Пратениците ја изгласаа и потребата за носење на закон за …

Собранието не расправаше за Законот за заштита од заразни болести Read More »

Босна и Херцеговина со рекорд, денеска 718 новозаразени, 20 починаа


Во Босна и Херцеговина денеска се забележани 714 нови случаи со корона вирус, што е највисок број од почетокот на епидемијата. Починаа дури 20 пациенти, а тестирани биле 2.671. Денешниот број на новозаразени е рекорден од почетокот на епидемијата. Во Заводот за јавно здравје на Федерацијата пријавени се 1.754 примероци, од кои 473 се позитивни. …

Босна и Херцеговина со рекорд, денеска 718 новозаразени, 20 починаа Read More »

Заев: Бугарија не бара промена на Уставот


Бугарија не бара од Северна Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии, изјави денеска премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали се размислува за нов договор меѓу Северна Македонија и Бугарија и дали Софија побарала промена …

Заев: Бугарија не бара промена на Уставот Read More »

Германија издаде меѓународни потерници за основачите на Мосак Фонсека


Германските судски власти издадоа две потерници за апсење на основачите на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ (Mossack Fonseca) околу која пред четири години избувна скандал по објавувањето на таканаречените „Панамски документи“. Според „Зидојче цајтунг“, станува збор за 72-годишниот Јирген Мосак и 68-годишниот Рамон Фонсека. И двајцата имаат панамски пасош, а Панама генерално не ги екстрадира …

Германија издаде меѓународни потерници за основачите на Мосак Фонсека Read More »

Стопанството бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот


Во преработувачката индустрија висат 15.000 работни места доколку навреме не се донесе ребалнсот на Буџетот, алармираат од Организација на работодавачи. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи за МИА вели дека очекуваат пратениците во Собранието што е побрзо да го изгласаат ребалансот, бидејќи во него се предвидени средства за субвенции на платите на работниците за …

Стопанството бара итно да се изгласа ребалансот на Буџетот Read More »

Бугарија го блокира и договорот на Македонија со ФРОНТЕКС


Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс со Северна Македонија од страна на Софија. Северна Македонија не може да го финализира договорот за гранично управување со Европската Унија поради билатералниот спор со Бугарија. Европската Унија почна да ги склучува …

Бугарија го блокира и договорот на Македонија со ФРОНТЕКС Read More »

(Во живо) Изјави на Бектеши по средбата со Мартенс


– Министерот за економија Крешник Бектеши оствари работна средба со Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. https://www.facebook.com/359477174168894/videos/348561166257542/?__tn__=F

Пленковиќ – Османи: Продолжува поддршката на Хрватска за евроинтеграцискиот процес


Министерот за надворешни работи Бујар Османи својата работна посета на Хрватска денеска ја започна со средба со премиерот Андреј Пленковиќ, кому му се заблагодари за континуирана хрватска поддршка и исклучителниот ангажман за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, под чија палка беше постигнат консензус и беше донесена одлуката за почеток на пристапните …

Пленковиќ – Османи: Продолжува поддршката на Хрватска за евроинтеграцискиот процес Read More »

Половина од новодијагностицираните од Ковид-19 се од Скопје, најмногу се од 30 до 39 години


Процентот на позитивни случаи од тестирани лица на Ковид-19 изнесува 20,3 проценти, најзастапена возрасна група меѓу позитивните случаи е на лица на возраст од 30 до 39 години – 20,9 отсто од заболените, а најголем дел од регистрираните лица се од Скопје, покажа извештајот на  Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од …

Половина од новодијагностицираните од Ковид-19 се од Скопје, најмногу се од 30 до 39 години Read More »

Ејуп Рустеми од „Пошта“ заминува во Државни патишта на местото на Зоран Китанов


Еуп Рустеми, досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти денес премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање по меѓународната научна конференција за македонскиот јазик во институтот „Крсте Мисирков“. На денешната седница Владата би требало да назначи директори и на други претпријатија или институции, објасни Заев, …

Ејуп Рустеми од „Пошта“ заминува во Државни патишта на местото на Зоран Китанов Read More »

Европските берзи во пад втор ден по ред


Цените на акциите на европските берзи изгубија од вредноста во вторникот наутро, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за немилосрдното ширење на корона вирусот, поради што се повеќе европски земји воведуваат рестриктивни мерки. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,1 процент во 9,30 часот, откако вчера се лизна за 0,3 …

Европските берзи во пад втор ден по ред Read More »

Словенија би можела да испрати војска на границата со Хрватска


Словенечката Влада не се откажува од предлогот да ангажира војска на границата со Хрватска, а доколку помине владиниот предлог за измена на Законот за одбрана, на границата би можеле да се најдат и до 2.000 војници, пишува порталот „Гласот на Истра“. – Станува збор за 180 војници кои ја контролираат границата во две смени. Доколку …

Словенија би можела да испрати војска на границата со Хрватска Read More »

Хрватска со нови 890 заразени, починаа осуммина


  Во последното деноноќие во Хрватска забележани се 890 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни се зголеми на 5.519. Од нив 574 се во болница, а 32 на респиратор. Починаа осум пациенти, Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеа 26.863,а починаа 382. Оздравеа 20.962, од кои 433 во последните 24 …

Хрватска со нови 890 заразени, починаа осуммина Read More »

Хрватската влада презадолжена кај веледрогериите, ја запреа испораката на лекови за болниците


Претседателот на здружението на веледрогерии при Трговската комора на Хрватска, Томислав Кулич најави дека веледрогериите денеска ја прекинуваат испораката на лекови во 75 отсто од болниците поради големи долгови. Кулич рече дека по вчерашната средба со министерот за финансии Здравко Мариќ и министерот за здравство Вилијем Берош, која претставниците на веледрогериите ја напуштија, тие веќе …

Хрватската влада презадолжена кај веледрогериите, ја запреа испораката на лекови за болниците Read More »

Нивото на Црн Дрим седум пати под просекот


Седум пати под просекот за октомври е нивото на Црн Дрим кај Ложани, покажуваат денешните хидролошки мерења. Според УХМР, намалени се и нивоата на Вардар кај Велес и Јегуновце, на Струмица кај Ново Село, на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје и на Сатеска кај Ботун. Состојбата кај езерата, Охридското, Прспанското и Дојранското, …

Нивото на Црн Дрим седум пати под просекот Read More »

Германските виролози не ја исклучуваат можноста од неконтролирано ширење на Ковид-19


Друштвото за вирологија на Германија денеска предупреди на страшни последици од неконтролирано ширење на новиот коронавирус престојната зима во земјата. Друштвото апелираат на научно засновано дејствување против пандемијата. – Поради експлозивната динамика на инфекцијата, што е забележана ширум Европа постои стравување декаод некоја одредена точка ќе дојде до губење на контрола над заразата, истакнуваат виролозите. …

Германските виролози не ја исклучуваат можноста од неконтролирано ширење на Ковид-19 Read More »

За Вранишковски настанот во Бигорски бил селски панаѓур


Критики на сметка на македонскиот државен врв изнесе владиката Јован (Зоран Вранишковски), расчинет од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а кого СПЦ го признава како скопски митрополит и архиепископ на Православната Охридска Архиепископија-ПОА, пишува Дојче Веле. Во „ексклузивното интервју за српски „Блиц’“ под наслов „Самостојна македонска црква би била штетна за православието“, неговите критики …

За Вранишковски настанот во Бигорски бил селски панаѓур Read More »

Во Украина рекорден број починати од корона вирус, 113 за еден ден


Во последните 24 часа во Украина е забележан рекордна смртност кај пациенти со коронавирус – 113 смртни случаи. Советот за национална безбедност соопшти дека досега се потврдени вкупно 309.107 случаи на Ковида-19, 5.786 починати и 129.533 излекувани пациенти. 

Ученици од социјално загрозени семејства од ОУ „Ибе Паликуќа” ќе добијат таблет компјутери


Ученици од социјално загрозени семејства од основното училиште „Ибе Паликуќа“ во село Бојане денеска ќе добијат таблет компјутери со цел да можат да ја следат наставата онлајн. Таблет компјутерите ги доделува ЗИП Институт во рамки на проектот “Фронт против Ковид-19 во Сарај”. Настанот ќе се одржи во основното училиште, а ќе присуствуваат извршниот директор на …

Ученици од социјално загрозени семејства од ОУ „Ибе Паликуќа” ќе добијат таблет компјутери Read More »

Непочитувањето на мерките – национален „спорт“


Во изминатото деноноќие регистрирани се 796 прекршоци за неносење на заштитна маска, информира Министерството за внатрешни работи.Оттаму секојдневно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот. Сообраќајната полициј пак, само на територијата на Град Скопје изрече вкупно 301 санкција, од кои 69 за пречекорување …

Непочитувањето на мерките – национален „спорт“ Read More »