Ученици од социјално загрозени семејства од ОУ „Ибе Паликуќа” ќе добијат таблет компјутери


Ученици од социјално загрозени семејства од основното училиште „Ибе Паликуќа“ во село Бојане денеска ќе добијат таблет компјутери со цел да можат да ја следат наставата онлајн.

Таблет компјутерите ги доделува ЗИП Институт во рамки на проектот “Фронт против Ковид-19 во Сарај”.

Настанот ќе се одржи во основното училиште, а ќе присуствуваат извршниот директор на ЗИП Институт,  Агим Селами, директорот на училиштето и раководителот на Секторот за образование во Општина Сарај.