Непочитувањето на мерките – национален „спорт“

Во изминатото деноноќие регистрирани се 796 прекршоци за неносење на заштитна маска, информира Министерството за внатрешни работи.Оттаму секојдневно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот.

Сообраќајната полициј пак, само на територијата на Град Скопје изрече вкупно 301 санкција, од кои 69 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 14 мерки за возачи кои поминале на црвено светло и 22 за технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, санкционирани се пет мотоциклисти, 64 за непрописно паркирање, 63 возила се подигнати со „пајак“, а за неносење на заштитна маска казнети се 42 лица.