Нивото на Црн Дрим седум пати под просекот


Седум пати под просекот за октомври е нивото на Црн Дрим кај Ложани, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, намалени се и нивоата на Вардар кај Велес и Јегуновце, на Струмица кај Ново Село, на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје и на Сатеска кај Ботун.

Состојбата кај езерата, Охридското, Прспанското и Дојранското, се без поголеми промени.