628 нови случаи на Ковид-19, починати се 15 лица


Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 353 – Куманово 33 – Штип 13 – Прилеп 36 – Тетово 33 – Струга 11 – Велес 34 – Битола 28 – Охрид 17 – Кавадарци 7 – Гостивар 7 – Струмица 20 – Крива …

628 нови случаи на Ковид-19, починати се 15 лица Read More »

Во Британија 22.885 нови случаи на коронавирус, 367 починати


Англија – Обединетото Кралство денеска регистрира 22.885 нови случаи на коронавирус и 367 смртни случаи поврзани со Ковид-19, покажуваат денеска владините податоци. Ова е скок во споредба со вчерашните 20.890 нови позитивни случаи. Вкупниот број на пријавени случаи во таа земја е 917.575, додека 45.365 лица починале од почетокот на пандемијата. 

Во Италија рекордни речиси 22.000 новозаразени


Италија – Италија во изминатите 24 часа регистрираше 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на епидемијата во земјата. Министерството, исто така, соопшти дека од Ковид-19 починале уште 221 лице, за разлика од 141 вчера, со што за првпат во Италија се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи …

Во Италија рекордни речиси 22.000 новозаразени Read More »

Измените на Законот за заштита од заразни болести ќе се донесат по скратена постапка, 60 гласа „за“, без глас „против“


Во Собранието на Република Северна Македонија попладнево пратениците со 60 гласа „за” и 32 „воздржани”, без глас „против” се согласија измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, да се донесат по скратена постапка. Оваа точка од 13-та, на предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошовски, беше ставена прва на дневниот …

Измените на Законот за заштита од заразни болести ќе се донесат по скратена постапка, 60 гласа „за“, без глас „против“ Read More »

Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи


На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост. Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни …

Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи Read More »

Претседателот на ФИФА Инфантино позитивен на корона


Швајцарија – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, имал симптоми на коронавирус и неговиот тест на крајот излезе позитивен, објави официјално светската фудбалска централа. Педесетгодишниот Швајцарец веќе е изолиран најмалку 10 дена. Информирани се и луѓето со кои се сретнал во последните неколку дена. Само во последниве денови, еден куп популарни луѓе во светот на фудбалот открија …

Претседателот на ФИФА Инфантино позитивен на корона Read More »

Рекорден број починати од Ковид-19 во Албанија


Во последното деноноќие во Албанија од Ковид-19 починале седум лица што е највисока бројка до сега. Меѓу починатите е и педесетгодишна акушерка од Елбасан и 71-годишниот свештеник Тоди Јовани од Подградец. Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 284 новозаразени од 1.278 тестирани што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време во списокот …

Рекорден број починати од Ковид-19 во Албанија Read More »

Во Грција регистрирани рекордни 1.259 нови случаи на Ковид-19, позитивна и министерката за образование


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.259 нови случаи на Ковид-19, што е рекорден број новозаболени во еден ден и првпат бројката е четирицифрена, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, починати се 12 лица, 102 хоспитализирани пациенти се приклучени на апарати, додека, пак, од …

Во Грција регистрирани рекордни 1.259 нови случаи на Ковид-19, позитивна и министерката за образование Read More »

Брадосаниот Џорџ Клуни спасува пет астронаути во новиот филм Midnight Sky (видео)


САД– Во неговата прва улога на големиот екран од 2016 година, Џорџ Клуни е во мисија да спаси пет астронаути. Нетфликс го објави првиот официјален трејлер за „ Midnight Sky “, кој се базира на книгата „Good Morning, Midnight “ од Лили Брукс-Далтон од 2016 година. Во научно-фантастичната драма, брадестиот Клуни (59) го игра Аугустин Лофтхаус, …

Брадосаниот Џорџ Клуни спасува пет астронаути во новиот филм Midnight Sky (видео) Read More »

Ексбелгискиот крал Алберт се сретна со вонбрачната ќерка што ја криеше 20 години


Белгија (АП) – Долготрајниот кралски скандал што ја вознемири Белгија , постигна нова пресвртница откако поранешниот крал Алберт Втори се сретна со вонбрачната ќерка што ја доби пред повеќе од половина век – и тврдоглаво одбиваше да ја признае. Кралот и неговата сопруга кралицата Паола ја примија Делфин Боел во нивната резиденција, замокот Белведере од …

Ексбелгискиот крал Алберт се сретна со вонбрачната ќерка што ја криеше 20 години Read More »

Владата ја почна постапката за купување на лекот „Ремдесивир“


Владата на денешната  седница  го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (remdesivir)“ согласно договорот  склучен со Европската комисија.Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди  дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 …

Владата ја почна постапката за купување на лекот „Ремдесивир“ Read More »

Корона тестот на Заев е негативен


Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен. Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, …

Корона тестот на Заев е негативен Read More »

Русија пријави појава на птичји грип, усмртени 283.000 птици


Русија пријави појава на високо патогениот птичји грип Х5Н8 на фарма во западниот дел на земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ). Грипот во регионот Костромскаја уби повеќе од 14.000 птици и доведе до уништување на уште 283.000 птици од јата, соопшти ОИЕ, повикувајќи се на информации од руското Министерство за земјоделство.

Лавров во самоизолација


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на корона вирусот, а сите закажани посети и состаноци ќе бидат одложени, објави прес-службата на руското Министерство за надворешни работи. „Сите претходно закажани посети и состаноци ќе бидат одложени. Тој се чувствува добро“, соопшти Министерството. Лавров утре требаше да …

Лавров во самоизолација Read More »

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море


Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН). Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно. Студијата е …

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море Read More »

Министерот Шаќири на Дигиталниот самит за Западен Балкан: Електронската идентификација е главен двигател на дигитализацијата


Во рамките на третиот Дигитален самит за Западен Балкан, што годинава се одржува онлајн во Тирана, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири учествуваше на сесијата насловена како: „Улогата на Владите во дигиталната трансформација“. На овој Дигитален самит кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес, учествуваат високи владини претставници од регионот, Европската комисија, …

Министерот Шаќири на Дигиталниот самит за Западен Балкан: Електронската идентификација е главен двигател на дигитализацијата Read More »

Шпанија ја обновува својата економија со поголеми даноци за големите компании


Шпанската Влада денеска објави планови за зголемување на даноците за големите компании и луѓето кои најмногу заработуваат, со цел да ги инвестира овие пари во социјална заштита и инфраструктура, како дел од планот за буџетот за 2021 година. Шпанската економија претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот и годинава се очекува да падне за 11,2 проценти, но Владата планира следната година да …

Шпанија ја обновува својата економија со поголеми даноци за големите компании Read More »

Димитров: Не е лесно да се добие француска поддршка


Француската поддршка во контекст на успешното заокружување на нашата европска приказна годинава, беше централна тема на денешната средба на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров со државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за Европа и надворешни работи, Клеман Бон во Париз. – Принципиелната француска поддршка изразена и преку обновениот …

Димитров: Не е лесно да се добие француска поддршка Read More »

Туризмот во светот во колапс – за осум месеци реализирани 70 отсто помалку патувања


Туристичките патувања во светот се намалија за 70 отсто во првите осум месеци од оваа година во споредба со истиот период во 2019 година. Загубите достигнаа 730 милијарди долари, соопшти Светската организација за туризам (СТООН). Во јули, патувањата беа намалени 81 отсто, а во август – 79 проценти, се наведува во соопштението на организацијата. Од …

Туризмот во светот во колапс – за осум месеци реализирани 70 отсто помалку патувања Read More »

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“


По повод три децении од постоење на Театарот за деца и младинци, денеска пред Музејот на современа уметност беше промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“ во која е нотирано се што било важно за развојот на  Театарот. Според авторот на монографијата Тодор Кузманов, во ова дело се прикажани …

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“ Read More »