Претседателот на ФИФА Инфантино позитивен на корона


Швајцарија – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, имал симптоми на коронавирус и неговиот тест на крајот излезе позитивен, објави официјално светската фудбалска централа.

Педесетгодишниот Швајцарец веќе е изолиран најмалку 10 дена. Информирани се и луѓето со кои се сретнал во последните неколку дена.

Само во последниве денови, еден куп популарни луѓе во светот на фудбалот открија дека се позитивни на Ковид-19.