ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се спроведе со проверка на отпечатоци од прст


ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за попис, кој вчера Владата го утврди како закон кој ќе се носи со европско знаменце. „Законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце, односно се злоупотребува скратената постапка и оние европски знаменца кои што треба да стојат на закони кои што треба …

ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се спроведе со проверка на отпечатоци од прст Read More »

Земјотрес со јачина 5.4 степени утрово ја погоди Источна Турција


Турција– Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја стресе источна Турција, објави во утрово Европскиот медитерански сеизмолошки центар.   Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар јужно од Елазиг и 20 километри северозападно од Сивриџе. Се уште нема информации за евентуални жртви ии причинета материјална штета. 

Седум охрабрувачки еколошки победи во 2020 година


Во 2020 година, Австралија и западниот дел на САД беа погодени од шумски пожари, Централна Америка и крајбрежјето на Персискиот Залив беа погодени од урагани, темни облаци скакулци паднаа над Африканскиот Рог и смртоносна нова болест се прошири од животни на луѓе, претворајќи ни ги животите наопаку од како што ги познававме. Со наслови кои …

Седум охрабрувачки еколошки победи во 2020 година Read More »

Бајден го повика Трамп да го потпише нацрт законот за помош на населението


САД– Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, вчера го повика претседателот Доналд Трамп да ја одобри финансиската помош за Американците погодени од  пандемијата со Ковид-19. – Во спротивен случај, милиони луѓе им секнуваат исплатите за невработеност и може да останат бездомници за време на празникот, истакна Бајден. Според Бајден, акциите на Трамп се „отфрлање на …

Бајден го повика Трамп да го потпише нацрт законот за помош на населението Read More »

Русија без национални обележја на ракометниот Мундијал


Австрија– Русија на јануарскиот ракометен Мундијал ќе настапи без национални обележја, под името „екипа на Руската ракометна федерација“ (РХФ), објави вечерва Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Одлуката на ИХФ доаѓа по минатонеделната пресуда на Спортскиот арбитражен суд со седиште во Лозана (ЦАС) за забрана руските спортисти да користат државни обележја на големите меѓународни натпреварувања до 16 …

Русија без национални обележја на ракометниот Мундијал Read More »

Почнува имунизацијата во Грција, ќе се вакцинираат и Мицотакис и Сакеларопулу


Грција – По пристигнувањето на првата пратка од 9.750 дози на вакцината од Фајзер/БиоНТек, денеска во Грција започнува вакцинацијата на здравствените работници во пет атински болници, а од симболични причини вакцината ќе ја примат и грчкиот премиер и грчката претседателка, како и претставници од Министерството за здравство, од црквата, опозицијата, но и армијата, јави дописничката на …

Почнува имунизацијата во Грција, ќе се вакцинираат и Мицотакис и Сакеларопулу Read More »

Пет земји-членки на ЕУ од вчера почнаа со вакцинација против Ковид-19


И покрај најавите имунизацијата против Ковид-19 да почне денеска во исто време во сите земји-членки на Европска Унија, Унгарија, Германија, Словачка, Франција и Шпанија не се придржуваа до договореното и вчера по пристигнувањето беа дадени првите вакцини. Претходно, периодот од 27 до 29 декември беше означен како Европски денови на вакцинацијата. Претседателката на Европската комисија, …

Пет земји-членки на ЕУ од вчера почнаа со вакцинација против Ковид-19 Read More »

Модриќ останува во Реал Мадрид


Шпанија– Реал Мадрид се согласи да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Лука Модриќ, објави „Марка“. Според шпанскиот весник, 35-годишниот Хрват ќе потпише договор со „кралскиот клуб“ со важност до крајот на јуни 2022 година. Актуелниот договор на фудбалерот важи до крајот на сезоната 2020/21. Модриќ игра во Реал Мадрид од 2012 година. Во …

Модриќ останува во Реал Мадрид Read More »

Вистинитоста на пријавениот „кеш“ во анкетните листови – најтешка за проверка


Секој функционер и именувано лице, во рок од 30 дена од стапување на функцијата има законска обврска да поднесе анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Целта на поднесувањето анкетни листови е да им овозможи на антикорупционерите увид во имотот на функцинерите пред, за време и по завршување на мандатот. На овој …

Вистинитоста на пријавениот „кеш“ во анкетните листови – најтешка за проверка Read More »

Ново стрелиште на Армијата и МВР, Шекеринска и Спасовски на отворањето


Во касарната „Илинден” во Скопје денеска ќе биде отворено новотo заедничко стрелиште на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. Стрелиштето ќе го користат припадниците на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) на МВР и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија. Според МВР, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за …

Ново стрелиште на Армијата и МВР, Шекеринска и Спасовски на отворањето Read More »

Бројот на Ковид-заразените се намалува, да се почитуваат мерките и совесно да се прославува


Вкупно 20.278 активни случаи со КОВИД-19 има досега во земјава. Иако бројот на новодијагностицирани се намалува, а се евидентираат се повеќе оздравени, сепак дневно се регистрираат по 20-тина починати.   Вчера се регистрирани нови 530 случаи со Ковид-19, 538 оздравени и 26 починати лица од направени 1.999 тестирања.   Надлежните постојано апелираат да се почитуваат …

Бројот на Ковид-заразените се намалува, да се почитуваат мерките и совесно да се прославува Read More »

Патиштата влажни, магла на Плетвар и на патот кон Попова Шапка, да се вози внимателно


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово. Поради појава на магла видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар е намалена до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и почитување …

Патиштата влажни, магла на Плетвар и на патот кон Попова Шапка, да се вози внимателно Read More »

Врнежливо и релативно топло, до 13 степени


Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи дожд, а на планините на северозапад ќе врне снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, …

Врнежливо и релативно топло, до 13 степени Read More »

Против корона вирусот во ЕУ прва се вакцинираше 101-годишна Германка


  Германија и Унгарија започнаа вакцинација против корона вирусот, денеска, само неколку часа по пристигнувањето на првите пратки, што го наруши планот на Европската Унија за координиран почеток на вакцинацијата, утре во сите 27 земји на ЕУ. „Секој ден што го чекаме е ден премногу“, рече Тобајас Кригер, менаџер на дом за стари лица во …

Против корона вирусот во ЕУ прва се вакцинираше 101-годишна Германка Read More »

Шилегов: Казнет е „Тик ток фраерот” што возеше по вело-патеката


„Тик ток фраерот” што возеше по вело-патеката на „8-ми Септември“, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …“-соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вечерва на Фејсбук. Инаку, на Фејсбук страницата На точак, беше објавено видео од извесен Адриан, кој во најголем метеж на „Партизанска“ и бил „8 Септември“ во …

Шилегов: Казнет е „Тик ток фраерот” што возеше по вело-патеката Read More »

Велика Британија погодена од бурата Бела


Со силни дождови и налети на ветер до 112 километри на час, бурата Бела денеска ги погоди Британските острови каде беа издадени неколку предупредувања за невреме. Предупредувања за поплави беа објавени во Англија, Велс и од страна на Шкотската агенција за животна средина, објави агенцијата АП. Претходно, се препорача повеќе од 1.300 жители да ги …

Велика Британија погодена од бурата Бела Read More »

Снежно невреме затрупа осум планинари во Иран


  Најмалку осум планинари настрадаа, а неколкумина се водат како исчезнати во планините северно од главниот град на Иран, Техеран. Тие загинаа денеска кога ги зафати силно снежно невреме, јавува Ројтерс, повикувајќи се на државната иранска телевизија. Локалните медиуми пренесуаат дека бројот на исчезнати во невремето може да биде и 12. Потрагата и спасувачките напори …

Снежно невреме затрупа осум планинари во Иран Read More »

Швајцарија згреши


  Швајцарскиот министер за здравство Ален Берсе призна денеска дека владата згрешила кога попуштила од рестриктивните мерки во борбата против пандемијата од корона вирус. Како што наведе, тоа резултирало до една од највисоките стапки на инфекции во Европа. Берсе рече дека швајцарскиот пристап става нагласок на личната одговорност, но призна дека тој не делувал, пренесе …

Швајцарија згреши Read More »

Со возила за колбаси се носат вакцините низ Бугарија


Вест број еден денес во Бугарија не беше пристигнувањето на вакцините туку фактот дека по многуте изјави колку треба да биде безбеден нивниот превоз и какви се услови треба да бидат исполнети, тие што беа препратени во другите градови беа превезувани со комбиња за кренвишли и колбаси, а во Пловдив биле сместени во фрижидер стар …

Со возила за колбаси се носат вакцините низ Бугарија Read More »

Заврши општата расправа за Предлог-законот за рамномерен регионален развој


Заврши општата собраниска расправа по Предлог-законот за рамномерен регионален развој. По расправата, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 26-та седница и најави дека пратениците за нејзиното продолжение ќе бидат дополнително известени. Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски информира дека законот за рамномерен регионален развој е подготвен во согласност со Програмата за работа на Владата за …

Заврши општата расправа за Предлог-законот за рамномерен регионален развој Read More »