Врнежливо и релативно топло, до 13 степени

Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде облачно, со врнежи дожд, а на планините на северозапад ќе врне снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 6 до 13 степени.

Според УХМР, поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови.

Во Скопје ќе биде облачно, со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од утре и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.