Швајцарија згреши

 

Швајцарскиот министер за здравство Ален Берсе призна денеска дека владата згрешила кога попуштила од рестриктивните мерки во борбата против пандемијата од корона вирус.

Како што наведе, тоа резултирало до една од највисоките стапки на инфекции во Европа.

Берсе рече дека швајцарскиот пристап става нагласок на личната одговорност, но призна дека тој не делувал, пренесе Гардијан.

Оцени дека вирусот нема наскоро да исчезне, покрај претстојната вакцинација.