Велика Британија погодена од бурата Бела


Со силни дождови и налети на ветер до 112 километри на час, бурата Бела денеска ги погоди Британските острови каде беа издадени неколку предупредувања за невреме.

Предупредувања за поплави беа објавени во Англија, Велс и од страна на Шкотската агенција за животна средина, објави агенцијата АП.

Претходно, се препорача повеќе од 1.300 жители да ги напуштат своите домови во југоисточна Англија за време на сезоната на празниците, поради приближувањето на бурата.