Патиштата влажни, магла на Плетвар и на патот кон Попова Шапка, да се вози внимателно


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово. Поради појава на магла видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар е намалена до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.