Ново стрелиште на Армијата и МВР, Шекеринска и Спасовски на отворањето


Фото: Б. Грданоски

Во касарната „Илинден” во Скопје денеска ќе биде отворено новотo заедничко стрелиште на Армијата и на Министерството за внатрешни работи.

Стрелиштето ќе го користат припадниците на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) на МВР и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на ЕСЗ и ќе се подигне нивото на нивната подготвеност. Изградбата на стрелиштето е придобивка и од економски аспект, бидејќи Министерството ќе заштеди значителни финансиски средства кои досега беа потребни за секојдневно транспортирање на припадниците до други стрелишта.

На отворањето на новотo заедничко стрелиште на Армијата и МВР ќе присуствуваат министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.