Снежно невреме затрупа осум планинари во Иран


 

Најмалку осум планинари настрадаа, а неколкумина се водат како исчезнати во планините северно од главниот град на Иран, Техеран.

Тие загинаа денеска кога ги зафати силно снежно невреме, јавува Ројтерс, повикувајќи се на државната иранска телевизија.

Локалните медиуми пренесуаат дека бројот на исчезнати во невремето може да биде и 12.

Потрагата и спасувачките напори се сопрени поради темницата и ќе бидат продолжени утре наутро.