Утре седница на Советот за безбедност


Утре со почеток во 14 часот во Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот …

Утре седница на Советот за безбедност Read More »

И неосигурените ќе се лекуваат бесплатно од корона вирусот


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека без разлика дали некои лице е здравствено осигурано или не, тестирањето и лекувањето од Ковид-19 ќе биде на трошок на Фондот за здравство. -Без разлика дали се здравствено осигурани или имаат лично или по некоја друга основа, или пак, немаат уплатено здравствено осигурување, сите што …

И неосигурените ќе се лекуваат бесплатно од корона вирусот Read More »

Во затвор ќе се оди од септември


Владата на денешната седница донесе одлука со која затворските казни што треба да стартуваат сега, се одлагаат до први септември. -Владата ја усвои Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на судовите и Јавните обвинителства, според која законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во …

Во затвор ќе се оди од септември Read More »

И странските дипломати ќе бидат во карантин ако влезат во Македонија


Странските дипломати од денес натаму  ќе влегуваат во земјата со посебен протокол што го усвои денес на седница Владата. Со него се опфатени и нивните семејства,  и според протоколот, тие  при влез во земјата начелно не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин. Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а …

И странските дипломати ќе бидат во карантин ако влезат во Македонија Read More »

Дрејк го покажа синоокиот син Адонис: Семејството ми е најважно


САД– Раперот Дрејк, еден од најуспешните и најбогатите во шоу-бизнисот за прв пат во јавноста го покажа својот син Адонис (2) од врската со актерката во филмови за возрасни , Французинката Софи Брусо. Раперот кој беше негативен на тестот за коронавирус се самоизолира. Затоа, тој сподели емотивен пост за тоа како го користи овој момент …

Дрејк го покажа синоокиот син Адонис: Семејството ми е најважно Read More »

Фабио Скоти за „Независен“: Врвот на епидемијата во Италија не е достигнат


Слободанка Јовановска   Исплашени сме и ужаснати, многу наши сакани се засегнати, сведочи за „Независен“  од Италија Фабио Скоти,  професор по француска литература на Универзитетот во Бергамо, поет, преведувач, есеист и писател. Според него, врвот на епидемијата со корона вирусот сѐ уште не е достигнат, но здравствениот систем покажува извонредна посветеност, и покрај тоа што …

Фабио Скоти за „Независен“: Врвот на епидемијата во Италија не е достигнат Read More »

Кривична за скопјанец кој откако влегол во државава заразил многумина


Министерството за внатрешни работи утре ќе поднесе кривична пријава против против едно лице, кое и покрај изјавата дека ќе биде во самоизолација, се сретнал со многу луѓе и ги заразил со коронавирусот Ковид-19. Ова денеска на прес-конференција го соопшти дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, нагласувајќи дека осомничениот Ф.К. не почитувајќи ги правните прописи …

Кривична за скопјанец кој откако влегол во државава заразил многумина Read More »

Ученичките и студентските домови може да станат центри за изолација


Владата на денешната седница донесе одлука, доколку има потреба ученичките и студентските домови да станат центри за сместување луѓе во задолжителна изолација. Имено, согласно Oдлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба со која се утврдува постоење на вонредна состојба за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на коронавирусот …

Ученичките и студентските домови може да станат центри за изолација Read More »

ЕК: Не ја доведувајте во прашање ЕУ, ќе ја победиме и оваа криза


Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер изјави денеска дека ЕУ во околностите предизвикани од Ковид-19 работи на „принципите на демократијата и дијалог“ за да се дојде до заедничка стратегија за надминување на кризата. Мамер ги отфрли инсинуациите на одделни службеници, јавноста и медиуми во Европа, кои предупредуваат на можноста за распад на Унијата заради неактивноста …

ЕК: Не ја доведувајте во прашање ЕУ, ќе ја победиме и оваа криза Read More »

Германија планира апликација за следење зараза од Ковид-19


Германија– Германија се надева дека ќе почне со примена на апликација за паметни телефони во следните неколку недели за да помогне во откривање на инфекции на коронавирусот, откако се појави широко распространет политички консензус дека усвојувањето на моделот што го започна Сингапур може да биде ефикасен без да се наруши приватноста на луѓето. Германците имаат …

Германија планира апликација за следење зараза од Ковид-19 Read More »

Коронавирусот ја намали вредноста на трансферите на фудбалерите


Италија – Пандемијата на коронавирус ја погоди фудбалската индустрија доста сериозно, а трендот се очекува да продолжи. Фудбалската опсерваторија ЦИЕС ги проценува разликите во идните вредности на играчите во случај да не се играат повеќе натпревари и договорите да не се обновуваат до крајот на јуни. Така, вкупната трансферна вредност на играчите од најдобрите 5 големи …

Коронавирусот ја намали вредноста на трансферите на фудбалерите Read More »

Филипче: Хирургот Горан Балески е нов директор на Општата болница во Охрид


За нов директор на Општата болница во Охрид е назначен хирургот Горан Балески, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој и се заблагодари на досегашната директорка Славица Малеска Стојадиновиќ, која беше разрешена, поради тоа што на Инфективното одделение во болницата не била хоспитализирана 66-годишна пациентка од Струга, која потоа почина од коронавирус. – …

Филипче: Хирургот Горан Балески е нов директор на Општата болница во Охрид Read More »

Виз Ер ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 април


Нискобуџетната авиокопанија Виз Ер, како резултат на пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Република Северна Македонија, ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 април. Компанијата денеска соопшти дека патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната …

Виз Ер ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 30 април Read More »

Одложен конкурсот за „Награда од ЕУ за истражувачко новинарство“


Конкурсот за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ се одложува за подоцна оваа година, објави денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и мерките кои се преземаат во нашата земја, ССНМ ги известува сите новинари дека конкурсот се одложува на неодредено, односно до завршување на пандемијата и прекин …

Одложен конкурсот за „Награда од ЕУ за истражувачко новинарство“ Read More »

Принцот Чарлс излезе од изолација и се чувствува добро


Англија– Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс излезе од самоизолација, која ја воведе самоиницијативно откако резултатите од тестирањето му покажаа дека е позитивен на новиот коронавирус. Принцот од Велс, кој е на 71-годишна возраст, се чувствува добро, изјави негов портпарол. Тој ќе продолжи со своите работни обврски и ќе започне со физичка активност според препораките на лекарите. …

Принцот Чарлс излезе од изолација и се чувствува добро Read More »

Се поставуваат шаторите за мобилната болница (галерија)


Поставувањето на мобилната болница во кругот на Клиничкиот центар оди со забрзано темпо. Поставани се најголем број од шаторите со помош на припадниците на македонската армија. Фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски го покажуваат темпото на изградбата. Болницата ќе може да прими 130 пациенти и ќе биде поврзана со сув ходник со Инфективната клиника. Изградбата …

Се поставуваат шаторите за мобилната болница (галерија) Read More »

Во Грција вкупно 43 жртви од корона вирусот


Уште пет лица во Грција починаа од коронавирусот со што бројот на жртвите од почетокот на епидемијата се зголеми на 49, додека бројот на заразени лица изнесува 1212, од кои 56 се нови, согласно податоците од Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на регистрирани нови случаи денеска е речиси …

Во Грција вкупно 43 жртви од корона вирусот Read More »

Осум вработени во Центарот за рехабилитација Козле се позитивни на корона вирус


Тројца пациенти на Инфективната клиника се ставени на респиратор, а уште девет се на дополнителна кислородна поддршка. Денеска во Инфективната клиника има сместено уште осум пациенти, а вкупно има 47. Во Струга има почината пациентка која имала хронична респираторна болест, но немала корона вирус. Посмртно земени се материјали и се чекаат резултатите за да се …

Осум вработени во Центарот за рехабилитација Козле се позитивни на корона вирус Read More »

Салата во која требаше да се одржи Евросонг станува болница


Концертната сала „Ахој“ во Ротердам, во која во мај требаше да се одржи натпреварот за песна на Евровизија  ќе се претвори во болница за лица заразени со коронавирусот во Холандија. Раководството на салата соопшти денеска дека почнале да се поставуваат првите 88 од планираните 680 болнички кревети. Ахој салата ќе се отвори наскоро и во …

Салата во која требаше да се одржи Евросонг станува болница Read More »

Австралија тестира БСЖ вакцина против коронавирусот


Илјадници австралиски здравствени работници ќе почнат со тестирање за да видат дали вакцината за туберкулоза стара еден век, може да се бори против новиот коронавирус, велат истражувачи, приклучувајќи се кон глобалните тестирања што се спроведуваат во неколку земји. Вакцината БСЖ им се дава на повеќе од милион деца годишно во земји со туберкулоза, но истражувачите …

Австралија тестира БСЖ вакцина против коронавирусот Read More »