Се поставуваат шаторите за мобилната болница (галерија)


Поставувањето на мобилната болница во кругот на Клиничкиот центар оди со забрзано темпо. Поставани се најголем број од шаторите со помош на припадниците на македонската армија. Фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски го покажуваат темпото на изградбата. Болницата ќе може да прими 130 пациенти и ќе биде поврзана со сув ходник со Инфективната клиника. Изградбата на болницата треба да заврши во многу скоро време.